Помалку од 40 проценти од картичките се користат за плаќање во продавница

Среда, 20 Март 2019 15:19 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Само 17 проценти од македонските граѓани поседуваат кредитни картички, што е двојно помалку од европскиот просек што изнесува 35 проценти.

Дебитни картички, пак, имаат 53 проценти од жителите на државата, наспроти 71 процент, колку што е просекот на земјите на Европската унија.

Статистиката на Народната банка покажува дека од оние кои имаат платежни картички само 37 отсто ги користат за купопродажни трансакции, што е двојно помалку од европскиот просек, што изнесува 63 проценти.

Македоснките граѓани заостануваат зад европјаните и според другите начини на користење на картичките. Така, само 12 проценти  од населението користат електронски пристап до сметки, а интернет-трансакции прават само 17 процнети, што е исто така двојно помалку од просекот во ЕУ.

Оваа состојба според гувернерката на Народната банка Анита Агеловска Бежоска е доказ дека постои јаз во финаисиската писменост на нашето население, наспроти податокот дека имаме солидна финансиска вклученост од аспект на поседување трансакциска сметка

Имено, со трансакциски сметки располага околу 77 проценти од возрасното население, што е сосема споредливо со просекот за Европа од околу 82 проценти. 

-Меѓународните показатели за мерење на степенот на финансиска инклузија (индексот на Светската банка за 2017 година) упатуваат на потребата за вложување натамошни напори за зголемување на финансиската вклученост на населението и кај нас, рече Ангеловска Бежоска во своето обраќање по повод потпишувањето Меморандум за финансиска инклузија. 

Последен пат изменето на Среда, 20 Март 2019 15:20