HERTZ МАКЕДОНИЈА ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА „INTERNATIONAL CUSTOMER EXPERIENCE AWARD“ 2018

Четврток, 14 Март 2019 14:37 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Hertz Македонија ја освои престижната награда за извонредна услуга на клиентите од Rentalcars.com, светскиот лидер за онлајн-изнајмување автомобили.

Rentalcars.com веќе четврта година анализира анкети и коментари за да ги препознае компаниите кои константно нудат врвна услуга и искуство во областа на изнајмување возила.

„Секој член од тимот на Hertz, секој работен ден го напушта својот дом со една цел –  клиентите да бидат задоволни и безгрижни на своите патувања. Изнајмувањето автомобили им овозможува на нашите клиенти слобода да откриваат и да истражуваат повеќе на своите патувања, како и да создадат спомени што ќе траат целиот живот. Им благодариме на сите наши клиенти за оваа чест. Чувството е прекрасно кога знаеш дека си најдобар во тоа што го работиш. Оваа награда е потврда на древната мудрост: ,Да служиш е да владееш’. Ориентирани кон обезбедување врвна услуга за нашите клиенти, продолжуваме напред.“ – изјави Драган Јаневски – извршен директор на Hertz Македонија

„Од 2015 година заедно со ,CustomerFavourite Awards’ успешно ја препознаваме одличната услуга на компаниите, а оваа година видовме како компаниите со кои работиме ги поместија границите во поглед на услугата во оваа област. Победниците постојано ги надминуваат очекувањата на клиентите и треба да се гордеат што се меѓу најдобрите во светот. Изнајмувањето автомобил е едноставно искуство кое само ќе го подобри вашето патување и затоа ние сме благодарни на сите наши партнери кои добија награди за дополнителниот труд што го презедоа за подобрување на услугата и искуството.“ – изјави Џејмс Адамс, главен комерцијален директор на Rentalcars.com

Hertz Македонија е лидер на македонскиот пазар за изнајмување возила, како за краткотрајни изнајмувања, така и за изнајмувања на подолг период. Тоа е резултат на интензивната инвестициска програма, висок квалитет на услуги поддржан од добро обучени вработени, одлично одржувани возила како и силното присуство на Hertz на светско ниво. Hertz Македонија располага со повеќе од 100 нови возила од 10 различни категории.