Реплек ќе им исплаќа дивиденда на своите акционери

Среда, 13 Март 2019 13:01 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Компанијата Реплек донесе предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка. “Со оваа одлука се утврдува распределбата на добивката на Реплек според Годишната сметка за 2018 година за исплата на дивиденда во нето износ од 3.998 денари по акција, односно бруто износ од 4.704 денари по акција“, стои во предлог одлуката. Распределбата, како што се наведува, ќе се врши од: тековната добивка – 81.381.545 денари, од акумулираната добивка од 2017 година – 31.910.031 денари и дел од законски резерви – 8.623.912 денари. Вкупно за исплата на дивиденда и персонален данок ќе има 121.915.488 денари. Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 18.04.2019 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 19.04.2019 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда Ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 22.04.2019 година.