Богатството не Џеф Безос продолжува да расте…

Понеделник, 11 Март 2019 12:09 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

И оваа година, на првото место според Форбс се најде основачот на Амазаон, Џеф Безос. Дали ви се верува дека само за една година, неговото богатство се зголемило за неверојатни 19 милијарди долари?

Според Форбс тој беше проценет на 131 милијарда долари и има 35 милијарди повеќе од Бил Гејтс кој се наоѓа на второто место. Значи растот на Џеф Безос не престанува, па многу експерти се прашуваат до каде ли може да стигне неговот богатство.

За разлика од него, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, доживеал пад од 8 милијарди долари. Тоа се должи на големите скандали кои што ги доживеа со политиката на приватност неговата платформа Фејсбук.