Во февруари трошоците за живот останаа непроменети

Четврток, 07 Март 2019 14:47 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано  движење во подгрупите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година,  во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.8.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано  движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3.4 %, свежото и разладеното овошје за 3.1 %, млекото за 1.0 %, јогуртот за 0.5 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.4 %, житата, сушеното, соленото и чаденото месо, рибата и морските плодови за 0.3 %, лебот, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во февруари 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 6.2 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.2 %, парамедицинските услуги за 3.1 %, книгите за 1.7 %, автомобилите за 0.6 %, терапевтските помагала за 0.4 %, мебелот и покуќнината за 0.3 %, текстилот за домаќинствата, услугите за рекреација и спорт, угостителските услуги за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите преработки од месо, другите прехранбени производи за 0.6 %, јајцата, маслото и маснотиите за 0.5 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 10.9,%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 8.9 %, туристичките пакет-аранжмани за 3.2 %, цврстите горива за 3.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.4 %, телефон и телфакс-опремата за 1.7 %, услугите за сместување за 1.5 %, облеката и обувките за 1.1 %, резервните делови и опремата  за сопствен превоз за 1.0 %, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0.9 %, велосипедите за 0.8 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, информатичката опрема за 0.7 %, средствата за чистење и одржување на станот, игрите, играчките и хобијата за 0.6 %, снабдувањето со вода 0.5 % и другите  медицински производи за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со февруари 2018 година, бележи пораст од 1.1 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.3 %.