„Окта“ оствари загуба од 96 милиони денари

Вторник, 26 Февруари 2019 15:14 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

„Окта“ АД Скопје во текот на минатата година оствари загуба од 96 милиони денари, што е влошување на резултатот во однос на претходната година кога компанијата имаше вкупна сеопфатна добивка од 205 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.