Технолошкиот вишок од „Еурокомпозит“ не се откажува од протестите

Среда, 20 Февруари 2019 14:27 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Работниците прогласени за технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска од 11 до 13 часот протестираа на булеварот во центарот на Прилеп, повторувајќи ги своите барања за решавање на нивниот проблем – исплата на отпремнините, на заостанатите плати и придонеси.

Според Пеце Велјаноски од иницијативниот одбор на 154-ицата работници прогласени технолошки вишок, протестите продолжувата се до испонување на нивните барања кои се познатии непроменети – исплата на отпремнините, на заостанатите плати и придонеси. Велјаноски нагласува дека има уште една недела од овој месец, а нема никакви знаци од најавите и ветувањата дека ако нема купувач за фирмата, Владата ќе интервенира со средства да се решат проблемите.

-Протестите продолжуваат, а немаме никакви знаци од Владата дека на повидок има решение. Таква беше најавата од премиерот дека до крајот на овој месец или да се продаде „Еурокомпозит“ или Владата да одвои пари да се исплтат нашите побарувања. Остана уште една недела од месецов, но нема назнаки за решавањето на проблемот. Ние остануваме со протестите сѐ до конечно решавање на нашата голгота, изјави Велјаноски.

Од фирмата, посочи, заминавме на двапати, прво 130, а потоа уште 24 работници. Овие 24-ица имаат земено само  по 5.000 денари од отпремнините, а првиот дел технолошки вишок по 30.000 денари, а сите во просек имаме отпремнини по околу 100.000 денари.