Дискусија со претставници на Европската комисија во ССК

Петок, 08 Февруари 2019 12:00 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Сојуз на стопанска комора на Македонија, Данела Арсовска оствари средба со претставници на Европската Комисија и Директоратот за правда, за реформите кои се приоритет за приватниот сектор.

Делегацијата на Евроспката комисија во периодот од 4 до 8 февруари 2019 година е во Република МАкедонија за спроведување Оценска мисија од областа на спроведување на судските пресуди во граѓанска област (трговско право). На состанокот се дискутираше за применливост на легислатива во приватниот сектор, за специфични закони и колизија како и препораки за надминување на одредени слабости.