Како Членството во НАТО ќе и донесе повеќе туристи на Македонија?

Четврток, 07 Февруари 2019 15:00 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Македонија е пред нова ера-долгоочекувана а дали и на кој начин членството во НАТО би можело да и донесе туристи на Македонија?

Надлежните се оптимисти и на ова поле а овој сектор е еден од најбрзо растечките.

Министерот Бектеши е убеден дека буџетот кој е планиран за годинава од 36 милиони денари ќе биде поттик за посилен развој а членството во Алијансата ќе донесе подобри резултати во туризмот.

Плановите се да се вложува повеќе во зимски туризам и да се подобарт туристичките потенцијали а ќе се бара начин ски центрите со кои сега располага ЕЛЕМ да можат да добијат нови инвеститори.

Споредбено со 2017 година, лани туристичкиот сектор забележан раст од 15%.