Посилните изгледи за интеграција во ЕУ и НАТО позитивно ќе влијаат на нашата економија

Четврток, 07 Февруари 2019 14:57 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Ако ги согледаме искуствата на другите економии од регионот што поминаа низ овој процес, јасно е дека со членството во НАТО и ЕУ, капиталните приливи кај нив значително се зголемија. Посилните изгледи за интеграција во ЕУ и НАТО позитивно ќе влијаат на премијата за ризик за нашата економија, што секако е многу важна детерминанта за инвестирање, вели гувернерката на Народната банка на на Република Македонија, Анита Ангеловска – Бежовска во интервју за Блумберг.