Презентирани резултатите и придобивките од воведување на професионален софтвер БИМсерт во градежништвото

Понеделник, 04 Февруари 2019 15:23 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Институтот за истражувања во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ ги презентираше целите и резултатите од проектот БИМсерт како и значењето и придобивките од воведување на современиот професионален софтвер во градежништвото. Проектот БИМсерт е финансиран од престижниот европски фонд за иновативни проекти, Хоризонт 2020.

Настанот се одржа во Стопанска Комора, со учество на голем број владини претставници, претставници од бизнис секторот и академијата. За важноста на европски проекти од ваков тип, обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања г-динот Кочо Анѓушев, и присуство на Министерот за транспорт и врски г-динот Горан Сугарески.

Настанот беше организиран во форма на отворена дискусија со присутните гости со цел да се дефинираат заклучоци кои ќе претставуваат иницијални насоки за дигитализација на градежниот сектор во насока на економска и енергетска ефикасност.

Building Information Modelling претставува современ професионален софтвер наменет за примена во градежниот сектор, со кој се овозможува формирање на информациски модел на градбата. Проектот БИМсерт има за цел креирање на наставна програма за развивање на вештините на енергетска ефикасност и примена на еколошки подобни техники и материјали во градежништвото. Програмата ќе биде наменета за вработените во градежниот сектор, како и за инвеститорите и креаторите на стратегиите и правците во оваа стопанска гранка.

На 05.02, вторник, од 9.00 до 11.00 часот, во просториите на Едукативниот центар на ИЕГЕ, ќе се презентираат изготвените модули на наставната програма. Од тогаш ќе почне и предвиденото тестирање на програмата, преку обучување на 1000 професионалци од градежниот сектор низ цела Европа.

Резултатите од обуката ќе го покажат напредокот на проектот и ќе придонесат за комплетирање на наставната програма, а ќе бидат дел од евалуацијата на проектот од страна на Европската комисија.

Се повеќе земји во светот го воведуваат BIM како задолжителна техника на проектирање и изведба на градежните проекти, со особено нагласена задолжителнист во фазата на тендери и јавни набавки

ИЕГЕ е прва едукативна институција во Македонија, акредитирана за професионално продолжено образование, која успеа да обезбеди воведување на оваа технологија на иднината во градежниот сектор во земјата и регионот, преку иновативен проект финансиран од престижниот фонд европски фонд Хоризонт 2020.