Стопанска банка со услуга за банко-осигурување

Вторник, 29 Јануари 2019 15:14 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Стопанска банка АД започна да нуди услуги за банко-осигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот. Банката во своите филијали ќе понуди осигурителни производи за своите клиени пред се имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

Сите корисници на Виза и Мастер Кард кредитните картички на Банката ќе добијат бесплатно годишно патничко осигурување, потоа сите кредити ќе имаат вклучено животно осигурување со преференцијални услови, а кредитите со вклучено осигурување од незгода ќе добијат ваучер кој што ќе можат да го користат за други осигурителни производи набавени од Банката.

„Осигурувањето во глобални рамки е веќе неразелно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности“, рече Диомидис Николетопулос, генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје.