МТСП поднесе кривична пријава до ОЈО за непознат сторител

Понеделник, 28 Јануари 2019 15:20 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

 

 

Кривична пријава, заедно со целата документација, биле предадени во јавното обвинителство, кое по анализата ќе треба да соопшти дали и против кого ќе поведе истрага.

Во периодот кога ПИОМ не ги префрлале парите на сметките на осигурениците, директори на ПИОМ беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенељи, додека министри за труд и социјала беа Спиро Ристовски, Диме Спасов и Џељаљ Бајрами. Денеска никој од нив не излезе со став во јавноста, со кој би го појаснил случајот.

Царовска вчера информираше дека ќе ги исплати оштетените 12 илјади осигурненици, за што веќе и обезбедила 19милиони евра во буџетот, кои според информациите ќе бидат исплаќани од утре до јуни.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска се прогласи за ненадлежен за случајот, но уверува дека парите се обезбедени.

Се што е во поглед на буџет и што било побарано во поглед на пензиската реформа и создавање на одржлив пензиски систем и намалување на ризиците за исплата на пензиите е буџетирано и содржано во буџетот за 2019тата.“  - изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата што ќе им бидат пренесени на нивните индивудуални сметки, вклучувајќи го и надоместокот за ненавремената исплата.

Инаку, упатените во пензискиот систем, толкуваат дека претходната власт се одлучила да ги задржува парите во ПИОМ, за колку може на таков, вечтачки начин, да ја покрива дупката во буџетот за навремена исплата на пензиите.. Во јавноста уште пред 5 години се појавија информации дека државата не ги префрла навреме парите во вториот задолжителен столб, но аферата беше заташкана.