Рударската асоцијација на Уставен ќе го оспори законот за минерални суровини

Понеделник, 21 Јануари 2019 11:53 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Преиспитување на уставноста на последните измени на законот за минерални суровини, најави Рударската асоцијација за која решенијата се нелогични, неприменливи и ќе го кочи развојот на секторот. Законското решение е нејасно и за здруженијата кои се против отворање на рудниците.

– Рудата изнесена на површина е руда, и тука не се водела сметка, и селективен и нелогичен и неприменлив – вели Николајчо Николов, претседател на рударска асоцијација.

За граѓанските активисти, пак, е нејасно за кои рудници се однесува законот.

 

-Законодавецот заборавил да прецизира за кои постојани рудници мисли. Дали само за Бучим, Боров дол, Тораница, Саса или се мисли и на оние на кои им е издадена само концесија. Затоа чекаме правно толкување околу примената на законот -велат од „Здрава котлина“.

Компанијата „Еуромакс“ пак тврди дека за рудникот Иловица се откажала од користење сулфурна киселина и цијанид.