Како „изедовме“ една милијарда евра од потрошувачките кредити

Петок, 11 Јануари 2019 11:38 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Безмалку половина од долгот кои граѓаните го имаат кон банките е по основ на потрошувачки кредити. Заклучно со септември месец, лани само за вакви ненаменски кредити или кредити за покривање на тековни потреби граѓаните на банките им должат 1,331 милијарди евра. Вкупниот долг на физичките лица кон банките во тој месец бил 2,7 милијарди евра. 

Во остатокот влегуваат кредитите кои се дадени за реновирање и купување стан кои се секако и поголеми во суми, но и автомобилските и кредитите на кредитните картички. Интересно е што за десет години сумата која граѓаните ја должат по основ на потрошувачки кредити без минусите на сметки и без картичките се зголемила четири пари или за неверојатни милијарда евра. На крајот на септември 2008 година граѓаните на банките им должеле 353 милиони евра, во 2018 година 1,331 милијарди евра.

Според податоците од Народната банка, заклучно со септмеври лани, физичките лица должат и 381 милион евра на кредитните картички со кои секојдневно пазаруваат низ маректите и по продавниците. Во 2008 година по овој основ задолженоста на граѓаните била речиси иста.

Долгот пак, кој се води како минус на сметките на граѓаните лани до септември изнесува 209 милиони евра, двојно помалку од пред десет години. Во септември 2008 година како негативно салдо е заведен долг од 112 милиони евра.

Инаку, во последниот период најголем раст имаат станбените кредити. До септември лани долгот на граѓаните кон банките по овој основ е 716 милиони евра.

Автомобилските кредити се најмали и задолженоста на граѓаните по овој основ има опаѓачки тренд. За автомобилски кредити физичките лица на банките им должат 5,2 милиони евра