Зголемен бројот на туристи и на ноеќавања во септември

Понеделник, 12 Ноември 2018 12:55 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во септември годинава во Македонија се евидентирани 108.711 туристи, кои оствариле 260.320 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 4,4 отсто, а на ноќевањата за 7,3 проценти.

Во периодот јануари – септември годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,6 и тоа: кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 13,3 отсто. Во првите девет месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 15,2 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,3, а кај странските за 16,4 отсто.