Од ноќеска ќе имаме значително поевтини горива; РКЕ ги објави новите цени на дериватите

Понеделник, 12 Ноември 2018 12:53 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на дериватите. Според новиот ценовник, што ќе стапи во сила од ноќеска, малопродажната цена на бензинот се намалува за 4,5 денари по литар, а на дизел горивото за 3 денари.

Поточно, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 67.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4 денари, и еден литар 98-ца ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за три денари, и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.