Реконструкцијата на скопската обиколница готова до крајот на годината

Среда, 19 Септември 2018 13:53 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Денеска на увид во градежните работи на скопската обиколница беа министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Реконструкцијата е актуелна на 10 километри на делот помеѓу клучка Стајковци и клучка Мирковци.

„Оваа делнита треба да биде готова напролет, но доколку дозволат временските прилики може да биде готова и до крајот на годината, односно до крајот на градежната сезона“, рече Сугарески.

Со договорот за реконструкција е предвидено да се реновираат 8.5 километри од возната лента и 1.5 километар од брзата лента. За реконструкцијата се одвоени околу 600.000 евра.

„По завршувањето на претходните проблеми настанати од поплавите кај клучките Арачиново и Стјаковски, преминавме на проектирање за рехабилитација на останатиот дел од оваа клучка. Завршувањето ќе биде бенефит за граѓаните кои се движат во обиколницата и од населените места“, изјави Китанов.