Владата да го пролонгира рокот за воведување на прогресивниот данок, бара дел од експертската јавност

Вторник, 11 Септември 2018 08:44 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Владата ќе треба да почека до 2020 за да го воведе најавениот прогресивниот данок зашто даночната политика не е добро да се менува на сред година. Откако Заев изјави дека референдумот ја одложил дебатата за даночната реформа и дека најверојатно прогресивниот данок нема да се воведе од јануари следната година.

„Ако ова не се направи од почеток на година воведувањето на данок на средина на година како што не е добро за граѓаните, уште полошо е за бизнисите“ - изјави Павле Гацов, даночен експерт.

Владата се чувствува комотна и поради добрата наплата на даноците во буџетот. Данокот на добивка е даночна звезда оваа година. Само во август направен е поврат кон стопанството од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе пет години. По истекот од десет години даноци почна да плаќа и првата активна странска инвестиција во ТИР зоните, Џонсон Мети.
 
„Фабриките кажуваат дека Владата може да се чувствува лагодно оти приливите буџетски се наплатуваат добро“ - вели Гацов.

Најавата за воведување на прогресивен данок предизвика лавина реакции. Јавноста се подели околу реформа со која беше најавено дека ќе се плаќа персоналец од 18 отсто за приходите над 1.000 евра. За прагот на повисокото оданочување Владата најави и широка дебата, што поради политичкиот Договор со Грција не се случи.