Почна увидот во избирачкиот список

Четврток, 09 Август 2018 10:09 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Граѓаните кои што сакаат да ги проверат податоците можат тоа да го сторат преку официјалната веб-страница на ДИК или во подрачните канцеларии, кадешто истовремено ќе се поднесуваат и барања за измена, дополнување или бришење на податоците.

Почна увидот во избирачкиот список за референдумот. Ќе трае до 23-ти август. Граѓаните кои што сакаат да ги проверат податоците можат тоа да го сторат преку официјалната веб-страница на ДИК или во подрачните канцеларии, кадешто истовремено ќе се поднесуваат и барања за измена, дополнување или бришење на податоците.

Нашинците од дијаспората, барањата ќе ги доставуваат преку електронска пошта. Тимот за проценка на ОДИХР веќе е во земјава на средби со членовите на ДИК, властите, партиите, невладините организации и медиумите по што ќе донесат одлука за набљудување на референдумот.