МАКЕДОНИЈА

Алармантна е состојбата во текстилниот сектор. Неопходна е едукација и информација на текстилните работници за заштита од трудовата едукација, констатираат од невладиното здружение „Достоинствен работник“ кое во Прилеп ја организираше тркалезната маса, почеток на проектот „Не биди роб, информирај се за своите работнички права“. Работилницата беше со теркстилците, трудовиот инспекторат, кластерот за текстил со адовокатите. Според државниот трудов инспектор Моника Митровска Костовска, најзагрозени се работничките права во текстилната, кожарската индустрија, во угоистителството, земјоделството. Има многу пријави и состојбата е алармантна, рече, во текстилниот сектор. -Во текстилната индустрија најчести прекршувања на правата од работен однос се: работа на црно, зашто работодавците…
Граѓаните кои се исклучени од парно греење, а кои досега плаќаа паушал за радијаторите и за греењето, ги добија последните сметки со кои беа задолжени да го плаќаат овој фиксен надомест. Впрочем со мартовските сметки завршува оваа обврска, а веќе од април паушалот за нив се укинува. Сепак, обврзници за плаќање остануваат семејствата кои имаат радијатори, кои се исклучени, а кои не живеат во становите, односно не ги затоплуваат во зима. Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор потврдуваат дека за нив останува обврската да го плаќаат паушалот затоа што, анализата на МАНУ покажала дека тие реално се трошок за…
Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечните плати во месец февруари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 105.6. Во следниве сектори е забележано зголемување на просечната бруто-плата: Намалување на просечната бруто-плата е забележана во следниве сектори: Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2019 година изнесува 35.901 денар. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 104.5. Во следниве сектори е забележано зголемување…
Меморандум за соработка во кој се воспоставуваат основите за транспарентен и доверлив модел на системот на државно финансирање на граѓанските организации, што воедно е и стратегиска цел на Владата утврдена, денеска потпиша Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија. Како што соопштија од Фондацијата, нивната стратешка определба е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи ја и поддршката за реформите кои ќе обезбедат унапредување на условите за развој на граѓанското општество. -Во рамките на оваа соработка, Фондацијата Отворено Општество – Македонија ќе го поддржи,…
Ставање крај на исплаќање плати во два дела – кеш и на трансакциска сметка и утврдување плата која ќе биде достојна за трудот и примамлива за граѓаните полесно да се определат да работат во приватен сектор, најави вчера премиерот Зоран Заев. Тој најави дека се изнаоѓаат механизми како тоа да се постигне на најквалитетен начин, но не определи време кога ќе биде донесено конечното решение. Работодавачите и синдикатите се задоволни што конечно му дошло ред и на решавањето на ова прашање кое е причина за одлив на стручниот кадар од земјава и создавање нелојална конкуренција за работодавачите кои ги почитуваат…
Просечната работна недела во Европската Унија трае 40,2 часа. Според најновите достапни податоци од „Евростат“ од 2017 година, мажите низ Европа работеле 41 час неделно во просек, додека жените 39,3 часа неделно. Вработените во секторот рударство и вадење камен работат најдолго - просечно околу 42 часа, додека најкратка работна недела имаат работниците во образованието - 38,1 часа. Во земјите-членки на ЕУ најдолга работна недела има Обединетото Кралство - 42,1 часа неделно. На второ место се наоѓа Швајцарија со 41,8 час, Кипар со 41,6 час, Австрија со 41,3 час, и Грција и Португалија со 41 час. Најкратка работна недела има Данска,…
126 заразени со мали сипаници минатата недела што е најмногу досега од почетокот на епидемијата. Повеќе од половината од нив се од внатрешноста на земјата. Досега бројот на заболени со морбили е 961 од кои над сто се лекари и медицински персонал. На Инфективна се хоспитализирани 43 заболени а 11 деца има на Детска клиника. На Комисијата за заразни болести во вторник ке одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.
Во граѓанскиот суд во Скопје попладнево заврши судското рочиште во кое братот на премиерот, Вице Заев, го тужи за навреда и клевета, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексансар Николоски за телефонска изјава дека е главен бизнис фактор во државата. Според одбраната на Заев според доказите се компромитира неговата личност. Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, не дојде на рочиштето. Двете страни денеска ги дадоа завршните зборови. На медиумите не им беше дозволено да го снимаат судењето. На завршните зборови, се слушаше „це-де“ со изјавата на Николовски за Вице Заев, што е доставено со тужбата, а се читаа и наслови и извадоци…
Во Македонија има 190 илјади невработени лица, а само половина од нив активно бараат работа. Останатата половина од околу 95 илјади лица кои се на списокот на Агенцијата за вработување не бараат работа. Тие или се во сивата економија, или се надвор од државата. Од оние пак кој се активни баратели на вработување, откако Агенцијата ќе им најде работа, најчесто не се јавуваат на закажаното интервју или ја одбиваат работата која им е понудена. Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска се согласува со ставот на Светска банка дека невработените во земјава ниту сакаат да работат, ниту бараат работа. „Имаме…
Хидросистемот „Злетовица“ ќе биде ставен целосно во функција во текот на наредните две години. министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава од својот буџет издвојува вкупно 212 милиони денари и на овој систем ќе се поврзат општините Штип, Карбинци и Лозово, кои не примаат вода за пиење од овој систем. Веќе е распишана тендерска постапка за избор на консултантска куќа, а отварањето на понудите ќе биде на 16 мај.