Откупот на праските во Росоман се одвива непречено, а откупувачите велат дека се во можност да откупат многу повеќе бидејќи имаат договори за пласман на македонската праска на странските пазари. Тоа го потврдуваат и надлежните откога во изминативе денови имаше голем број реакции по социјалните мрежи околу откупот на праската. Едни се жалеа на ниска откупна цена, а други дека не им се купува родот, бидејќи имал оштетување од град.

 

Во откупните пунктови во Росоман вчера откупувачите бараа килограм повеќе од росоманската праска, која ја извезуваат на пазарите во Русија, Косово и во Црна Гора. Почетна цена по која се откупува праската е 15 денари, а откупувачите велат дека конечната зависи од квалитетот.
– Ние како откупувачи имаме потреба од стока и подготвени сме да откупиме сѐ што ќе донесат производителите. Цената зависи од квалитетот и е од 15 денари нагоре, а плаќањето ќе биде навреме, нема да дозволиме да чекаат луѓето за пари. Колку и да имаат стока, луѓето нека ја носат, ние ќе ја откупиме, имаме големи нарачки и имаме каде да ја пласираме. Носиме за Косово, Русија, Црна Гора – вели Беким Скендели од „Феникс енерџи“ и додава дека се бара македонската праска.
Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека првите камиони со македонска праска без проблеми веќе стигнале во Русија.

– Од посетата на откупните центри може да заклучиме дека нема доволно стока за потребите на откупувачите. Сите почетни проблеми ги надминуваме, институциите работат секојдневно за извозот да се одвива без проблеми, односно за откупувачите непречено да ја пласираат стоката на странските пазари. Можеме да кажеме дека 60 отсто од македонската праска одат на рускиот пазар. Првите камиони се стигнати и нема никакви проблеми. Државниот инспекторат за земјоделство е отворен за соработка, постојано имаме инспектори на терен, стоката не смее да чека. Фитосанитарната лабораторија дежура и сабота и недела за примање и издавање анализи, за да бидеме експедитивни, за производот да се извезе и да нема застој. Цената се движи во зависност од квалитетот – појаснува Трајан Димкоски од МЗШВ.

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев, нагласи дека некои од реакциите на производителите на праски биле оправдани, но некои биле исполитизирани, и додаде дека е добро што откупот на праските се одвива непречено.
– Минатите денови имаше различни реакции со пласманот на праските. Некои беа реални некои беа исполитизирани. Ги повикуваме сите што имаат праски да го понудат својот производ. Има трговци што се заинтересирани за откуп – рече Бранко Јанев, градоначалник на Росоман.
Тој додаде дека одгледувачите што присуствувале на едукацијата за заштита на праската и си презеле мерки немаат проблеми со пласманот на праските, но оние што не презеле такви чекори имаат. Јанев појасни дека производителите што имаат послаб квалитет на праски ќе имаат пониска цена, но тоа не значи дека нема да им бидат откупени.

Во минатиот период МЗШВ спроведуваше едукација за производителите да можат полесно да се справат со болеста монилинија, изјави директорот на ДИЗ, Благој Индов.
– Забраната што ја симна Руската Федерација во врска со болеста монилинија нѐ услови секој камион да има анализа од државната фитосанитарна лабораторија. Нашите инспектори излегоа на терен и зедоа мостри. Сите мостри засега се негативни и праските се извезуваат на рускиот пазар. Во наредниот период, со затоплување и со врнежи од дожд, може да се појави болеста и секоја праска што ќе биде позитивна нема да оди во Русија, бидејќи државата гарантира за здрав производ – вели Индов и информира дека секој магацин имал добиено решение пред откупот да изврши дезинфекција на магацинскиот простор, но и на камионите со кои се врши транспорт на праските.

Сепак, надлежните посочуваат дека праските кај кои ќе се утврди конкретната болест нема да бидат фрлени, бидејќи истите и понатаму се здрави за јадење.
– Во следниов период може да се појави болеста, а тие праски нема да се извезуваат за Русија, но тоа не значи дека нема каде да се пласираат. Истите тие сепак се здрави и ќе можат да се извезуваат во соседните земји или, пак, да се продаваат на домашниот пазар. Само во Русија има забрана за увоз на праски со конкретен тип болест и мора да внимаваме да ги испочитуваме нивните правила. Производите што ја имаат болеста не се опасни за здравјето на луѓето, има забрана за извоз со таа болест само на рускиот пазар, а секаде на другите пазари се извезуваат. Мора да истакнам дека досега немавме добар одѕив од производителите, така што се надевам дека отсега ќе доаѓаат на собирите за да ги следат советите за прскање и заштита на овошките – додава Индов.

Невремето проследено со град што синоќа го зафати Кавадаречко, направи штети кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро. Оваа информација за МИА ја потврди Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

-Штети и до педесет проценти се регистрирани во месностите ,,Ума” и ,,Шамаци”, оштетени се околу 60 хектари земјоделска површина. Таму виновите лози биле зафатени со град со големина на лешник, кој интензивно паѓал околу 15 минути, информира Николов.

До сите оштетени лозари, тој упати совет да ги заштитат своите лозови насади со бакарни препарати, веднаш штом се создадат услови за тоа.

На 13 јуни во собранието се одржа Јавна расправа по Предлог измените на законот за игрите на среќа и забавните игри, доставени минатата година од група пратеници на ДУИ, a кои се однесуваат на оддалечување на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа на растојание од 500 м воздушна линија од објекти во кои се врши воспитно образовна дејност. Измените би требало, наводно, да превенираат можности за стекнување порочни навики кај младата популација, смета пратеничката група. 

На јавната расправа присуствуваше и Зоран Пухач, Секретар на Европската организација на игрите на среќа. Поводот за неговото доаѓање во Скопје беа пристапните преговори на Асоцијацијата на спортските обложувалници на Македонија (АСОМ) кон оваа непрофитна организација со седиште во Брисел која ги претставува европските играчи и обложувалници, лиценцирани и регулирани со правото на ЕУ. Освен тоа, ова е прва трговска асоцијација на територијата на Европската Унија чија примарна цел е промовирање на безбедна и сигурна средина во игрита на среќа, заштита на малолетниците, обука на вработените за препознавање на зависност од игрите на среќа и сл. Фактор ги пренесува клучните поенти од неговото излагање во собранието.

Ниту едно истражување не ја поврзува близината на објектите за игри на среќа со било какво патолошко однесување

На Јавната расправа, Пухач ги изнесе своите, и ставовите на организацијата која ја застапува, во врска со Предлог измените на Законот за игрите на среќа и нагласи дека како човек кој повеќе од една деценија интензивно го следи проблемот со одговорното обложување во Европа и во светот, не нашол ниту едно релевантно истражување кое на било кој начин би ја поврзала близината на објектите за игри на среќа со било каков вид на патолошко однесување.

Неоправданоста на предвиденото растојание од 500 м воздушна линија, Пухач ја аргументираше и со структурата на населението во Северна Македонија и фактот што поголемиот дел од населените места се на многу мала површина, па така, доколку се усвои оддалеченоста,  тоа ќе доведе до директно затворање на речиси сите објекти на игрите на среќа.

Црниот пазар ќе генерира зголемувањето на криминалот

Затворањето на легалните обложувалници за кратко време ќе доведе  до создавање на црн пазар и незаконско организирање на сите видови на игри на среќа. – изјави Пухач на јавната расправа, потенцирајќи ги примерите на земјите од регионот, кај кои по предлог измени на законот на игрите на среќа, токму тоа и се случи.

„Црниот пазар многу брзо генерира голем број негативности, како што се зголемувањето на криминалот, феноменот на „зеленашење“, борба за "територија", неможност да се следи потеклото и текот на парите. Искрено се надевам дека вашите политичари нема да направат нешто што би можело директно или индиректно да доведе до гасење на легалниот пазар, каде што никој, па ни малолетници нема да имаат никаква заштита “ – апелираше Пухач.

Ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа

Во однос на регулативата на развиените европски земји, секретарот на Европската организација на игри на среќа изјави дека истата не предвидува член кој се однесува на оддалеченост на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа од училишта, универзитети, потенцирајќи дека законите на развиените земји немаат таков вид ограничувања, бидејќи одамна утврдиле дека растојанието не е поврзано со учеството на малолетни лица во игрите на среќа, а сите современи решенија одат кон целосна забрана за пристап и учество за малолетници и санкционирање на прекршителите.  Така, ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа.

Европската унија развива програми за едукација и превенција  и одговорно приредување на игрите на среќа

„Актуелниот Закон за игрите на среќа на РСМ веќе ги има сите елементи на заштита на малолетниците, кои исто така ги имаат и соодветните закони во развиените земји. Правецот во кој човек може и треба да размислува не е законот, туку потенцијалното вклучување на професионални организации и поединци и развојот на програми за едукација и превенција, како и развој на програми на т.н. одговорно приредување на игрите на среќа. Слични вакви активности веќе има во земјите на Европската Унија.“ – појасни Пухач.

Инаку за Предлог измените на законот за игрите на среќа веќе подолго време се актуелна тема во медиумите. Доколку се спроведат измените, државата ќе се соочи со повеќе од 7.700  вработени кои ќе останат на улица и ќе загуби над 250 милиони евра кои по основ на даноци и други давачки од оваа стопанска гранка се слеваат во државната каса, средства кои се користат директно за потребите на граѓаните. 

Северна Македонија е рангирана на четвртото место во нето-банкарски кредити, забележувајќи зголемување од 8,9% за фискалната година која заврши на 31 декември 2018 година, според TOP 100 SEE Banks, специјално банкарско издание на SeeNews.

Првото место го зазеде Молдавија, која забележа импресивен раст од 19,1% во нето-банкарските заеми, додека Србија и Бугарија се рангираа на второто и третото место со 12,3% и 12,0%, соодветно.

Во 2018 година, кредитите во банкарскиот сектор на нето-основа се зголемија за 5,7 отсто за период од една година на 191,4 милијарди евра. Ова беше врвот од 3,9 отсто за периодот од една година и ја одрази зголемената побарувачка на кредитите во приватниот сектор по падот на каматните стапки, зголемувањето на вработеноста и приходите. Покрај тоа, банките во ЈИЕ во просек ги олеснија кредитните стандарди во сегментите во обид да издадат нови заеми и да го неутрализираат падот на приходите од намалената каматна стапка помеѓу кредитите и депозитната база. Друг важен фактор за нето-порастот на кредитите е падот на исправката на вредноста во споредба со 2017 година.

Романската Banca Transilvania ја замени Banca Comerciala Romana како најголема банка во Југоисточна Европа, победувајќи го локалниот конкурент, кој падна на третото место во споредба со 2017 година. BRD – Groupe Societe Generale SA ја задржа својата позиција како четврта по големина банка во регионот. Нејзината добивка се зголеми на 331,5 милиони евра минатата година, благодарение на растот на бизнисот, подобрените оперативни перформанси и нето-трошокот од ризикот на повратни информации. Нето оперативниот приход на BRD се зголеми за 13%, додека нето-приходите од камати се зголемија за 16,5%, поттикнати од солидниот раст на обемот на работа.

Топ пет банки во Југоисточна Европа учествуваа со 25% од вкупната актива во првите 100 кредитори во регионот на крајот на 2018 година, откако секторот продолжи да се консолидира. Повеќето договори беа поврзани со тековното отуѓување на грчките кредитори и француската банкарска групација Societe Generale. На крајот на купувањето, главниот играч беше унгарскиот OTP. Другите големи странски банки во регионот останаа италијанската UniCredit, и австриските Erste and Raiffeisen.

Комбинираната нето добивка на топ 100 најголемите кредитори во регионот се зголеми на 4,354 милијарди евра во 2018 година, што е за 24% повеќе во споредба со минатата година. Бројот на банките загубари меѓу првите 100, исто така, се намали, на само четири од 10 во 2017 година, а 12 во 2016 година.

Сепак, вкупната актива на најголемите банки во регионот порасна само маргинално. Комбинираната актива на првите 100 банки во ЈИЕ изнесуваше 279 милијарди евра, за само 1,45 отсто, во споредба со 275 милијарди евра година дена порано.

Вкупната актива на банкарските системи во ЈИЕ се зголемиле за 5,5 отсто за период од една година, на речиси 312 милијарди евра до крајот на 2018 година, со годишен раст од 4,1 отсто од 2017 година. Најбрзата експанзија беше забележана во Србија, Молдавија и Северна Македонија, со 12,2%, 9,8% и 9,3%, соодветно.

Топлификација АД во соопштение најави дека бара отштета од 2,2 милиони евра од БЕГ АД како носител на лиценца, а доколку не ги наплати, ќе ги бара од државата. Штетата е настаната при доделување на лиценци на фирми на БЕГ АД на оглас од 2012 година, за кој ОЈО неодамна покрена обвинение против членовите на Регулаторната комисија за енергетика, се вели во соопштението од Топлификација АД.

Соопштението од Топлификација АД ви го пренесуваме во целост:

Основното јавно обвинителство за организиран криминал, пред кратко време, подигна обвинение против членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за незаконско доделување на лиценци на спроведениот оглас кон крај на 2012 година.

Регулаторна комисија за енергетика на ден 29.11.2012 год. има објавено јавен повик за избор на носители за лиценца за вршење на енергетски дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. На јавниот повик распишан од РКЕ за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија учествуваше фирмата во сопственост на Топлификација АД, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ. Оваа фирма на конкурс за доделување на лиценца во 2010 година ја добива лиценцата за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија. Согласно така добиената лиценца фирмата ја извршува оваа дејност до 31.12.2012 година.

На јавниот повик од ноември 2012 година се јавуваат и три фирми во сопственост на БЕГ АД формирани во текот на август 2012 година со основачки влог од по 5.000 евра секоја. Во време на траење на огласот и во време на евалуација на кандидатите кои конкурирале на овој оглас фирмите во сопственост на БЕГ АД не исполнуваат ниеден услов за добивање лиценца. Немаат вработени и немаат основни средства за вршење на дејностите за кои конкурираат.

Но фактот, дека овие фирми не ги исполнуваат условите за добивање на лиценци, стручните служби на РКЕ и избраните членови на РКЕ целосно го игнорираат и со одлука донесена на 31.12.2012 година ги доделуваат трите лиценци, за производство дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, на трите фирми во сопственост на БЕГ АД.

Фирмата во сопственост на БЕГ АД која ја добива лиценцата за дистрибуција, нема во сопственост мерни уреди за мерење на топлинската енергија на праг на производителот и на праг на објектите. Фирмата во сопственост на Топлификација АД, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ, има во сопственост мерно регулациона опрема во вредност од околу 1 милион евра. Новиот носител на лиценца оваа опрема ја користи без дозвола на сопственикот и без да плаќа надоместок за користењето. До денеска новиот носител на лиценца со користењето на оваа опрема генерирал штета на фирмата Дистрибуција на топлина ДООЕЛ во висина од 1 милион евра, колку е вредноста на опремата на 31.12.2012 година. Додатно на оваа вредност РКЕ определува секоја година средства за покривање на трошоците за амортизација и за принос на капитал за оваа опрема. Овој износ е во висина од околу 200.000 евра на годишно ниво. За период од шест години, од почетокот на 2013 до крај на 2018 година, штетата по основ на амортизација и принос на капитал е околу 1,2 милиони евра. Вкупната штета предизвикана на фирмата Дистрибуција на топлина ДООЕЛ со не доделување на лиценцата за дистрибуција на топлина е околу 2,2 милиони евра без законска камата. Доколку оваа штета не се наплати од носителот на лиценца, согласно закон, истата ќе се побарува од државата бидејќи е настаната поради незаконски доделена лиценца од РКЕ.

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо-сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори”. Во Проектот се вклучени четирите најактивни стопански комори во земјата: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија со цел да се подобри бизнис регулативата.

Приватниот сектор бара да биде вклучен во процесот на измените на Законот за финансиска дисциплина со сите досегашни нотирани недостатоци, меѓу кои повластената положба во рокот на исплатата на обврските кај државните субјекти во однос на условите со кои се соочува бизнис заедницата, недоволните капацитети на инспекцискиот надзор кој сега ќе се промени во делот на надлежностите, како и ефектите врз исполнувањето на договорите.

„Неопходно е да се обезбеди правна заштита, како и владеење на правото. Врз тие принципи може значително да се подобри бизнис климата во земјата. Законот за финансиска дисциплина, во кој би биле вклучени и барањата на приватниот сектор за олеснување на наплатата на долговите и правилна имплементација од страна на државните органи согласно европските пракси, би добил многу поголема ефикасност“ истакна Павлина Димовска, правен советник на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.

На настанот беше поттикната дебата со цел присутните да дадат свој придонес во креирање на квалитетно законско решение, базирано на досегашните искуства на компаниите во делот на исполнување на договорите, непотребното блокирање на фирмите кои се должници при што треба да платат казна во државниот буџет, но тоа не им гарантира дека ќе си ги наплатат побарувањата бидејќи се ограничуваат платежните можности на правните субјекти, како и предизвиците со финансиската дисциплина.

Сашо Раденковиќ експерт во областа истакна дека пред самото донесување на Законот, државата евидентирала проблем во наплатата меѓу доверителите и за таа цел донесен е Законот за финансиска дисциплина, како инструмент со кој би се обезбедила сигурна наплата на побарувањата. Но од самото донесување на Законот евидентирана е нерамноправна положба на субјектите на пазарот на труд.

 „Со стапувањето на сила,  Законот важеше од самиот почеток за приватниот сектор, додека јавниот сектор беше и се уште е во повластена состојба, поради одложените рокови. Дополнително Законот треба да дава сигурност кај компаниите дека наплатата ќе биде обезбедена со тенденција да се подобрат роковите за наплата и да не се доцни.  Финансиската дисциплина е многу битна и компаниите треба  да ги почитуваaт договорените рокови и обврските да ги плаќаме навреме. Деловната заедница апелира дека неопходно е почитување на одредбите од Законот за финансиска дисциплина, кој системски треба да ги регулира меѓусебните плаќања и исполнувањето на меѓусебните договори “, изјави Раденковиќ и додаде дека само на тој начин нема да се  нарушува тековна ликвидност на компаниите.

Веќе во процедура е дополнително усогласување на постоечкиот Закон за финансиска дисциплина со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции на Европската унија. Досега се предложени повеќе измени во законот, меѓу кои намалување на надоместокот за задоцнување за навремено плаќање од 3.000 на 2.400 денари, надзорот на законот кој го врши УЈП врз приватниот сектор да се префрли на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија и прецизирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот.

Затоа пред да се пристапи кон законски измени потребно е и да се понуди сеопфатна анализа на ефектите, последиците и резултатите од досегашното спроведување на Законот за финансиска дисциплина кој на сила е од мај 2014 година. Во овој процес неопходно е да се почитуваат постулатите на јавно-приватниот дијалог.

Претставници од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство при денешната посета на откупен центар во Росоман констатирале дека непречено се одвива откупот на праската. Цената на оваа коскесто овошје се движи од 15 до 20 денари за килограм, во зависност од квалитетот на праската.

Од министерството тврдат дека проблемот кој се појавил со болеста монолинија врз праската се надминал и откупот се одвива непречено.

Трајан Димкоски од МЗШВ вели дека дури 60 % од македонската праска завршува на рускиот пазар. Проблемите кои се појавиле се надминаа, овошјето се откупува, се товари и патува за Русија.

„Првите камиони се стигнати и нема никакви проблеми . Многу трговици се плашеа дали ќе бидат вратени. ДИЗ е отворен за соработка. Постојано  имаме инспектори на терен. Робата не смее да чека. Фитосанитарната лабораторија дежураше и сабота и недела за примање и издавање на анализи за да бидеме експедивни,  со цел производот да се извезе и да нема застој“,  вели Димкоски.

Дел од присутните производители на праска на денешната средба со Министерството и откупувачите во Росоман потенцираат дека изминатите неколку дена информациите кои се пласирале во јавноста за наводни проблеми со откупот на праската биле политички мотивирани случаи.

На откупниот пункт во Росоман неколку камиони чекаа да се наполнат и да заминат на пазарите во Русија, Косово и Црна Гора.

Системот за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните пробно веќе е тестиран и е подготвен да се користи од 1 јули. Како подетално ќе се прави повратот на ДДВ, засега не откриваат ниту Министерството за финансии, ниту УЈП, иако до почетокот на овој проект има само две недели. Бидејќи сѐ уште не се знаат критериумите и начинот на реализирање, за да се побара поврат на данокот, пресметките можат да се прават на најразличен начин. Прашањето е какви импликации врз буџетот ќе има оваа реформа и дали ќе се обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе се засили ли куповната моќ и дали позитивно ќе влијае врз зголемувањето на потрошувачката.
За оваа реформа власта подготвува и кампања, за да ги научи граѓаните како да си ги бараат парите назад.

 

– Софтверските решенија се подготвени на начин што е наједноставен за користење и без трошоци за граѓаните. Ќе се исплати сериозна сума пари кај граѓаните, но цениме дека тоа е позитивна реформа и на подолг рок ќе резултира со значително намалување на сивата економија, на што подолго време веќе предупредуваат и ММФ и Светска банка – велат од Министерството за финансии.
Од Управата за јавни приходи истакнаа дека набргу на јавноста ќе ѝ ги презентираат сите детали за процесот за поврат на ДДВ.

– Во изминатиот период УЈП работеше на софтверското решение, односно на систем што е наједноставен за користење, а преку кој ќе се врши повратот на ДДВ кај граѓаните. Исто така, УЈП ќе ги стави во функција сите ресурси за помош и поддршка на граѓаните со намера да го остварат своето право на поврат на ДДВ – додаваат оттаму.
Според претседателот на Организација на работодавци, Ангел Димитров, идејата за поврат на дел од платениот ДДВ при набавките е добра, особено ако се земе предвид состојбата со сивата економија, неиздавањето фискални сметки и целокупната состојба во областа на почитување на законите и даночната евазија.

– За тоа дали ќе се обезбеди дополнителен приход за семејствата и колку тоа ќе ја зголеми куповната моќ на истите тие, најмногу ќе зависи од начинот и постапката, односно технологијата што ќе се употреби за реализација на оваа идеја. Она што беше најавено, дека реализацијата ќе биде преку сликање на фискалната сметка со мобилен апарат и испраќање на некоја е-адреса или сервер при УЈП, за мене не ветува многу. Затоа што за да биде реализацијата поголема потребно е секој да има мобилен апарат со камера и интернет-конекција. Сметам дека голем број од пензионерите и оние најранливи групи нема да бидат во состојба да ги искористат благодатите од оваа мерка – објаснува Димитров.

Тој вели дека подобро решение е некаков вид електронска картичка со матичниот број на граѓанинот со баркод-налепница, затоа што секој малопродажен објект во согласност со Законот за готовински плаќања мора да има фискален читач и конекција со Управата за јавни приходи.

– Во тој случај, секој граѓанин што сака да користи поврат на ДДВ ќе ја приложи електронската картичка пред изготвувањето на фискалната сметка и сите податоци автоматски ќе се достават до УЈП. Но, сепак, да видиме како ќе почне реализацијата на мерката, и сигурно дека во иднина може да се направи доработка на технолошкото решение за да биде едноставно и да можат да го искористат сите граѓани – истакнува Димитров.

Според она што беше најавено, претседателот на ОРМ вели дека ќе постои одреден износ на кој ќе биде направено ограничување и над тој износ нема да може да се прави поврат, со намера ефектот да се добие за посиромашните семејства, а да не се злоупотреби од побогатите.

– Јас сум сигурен дека оваа мерка ќе има позитивни импликации врз државниот буџет, затоа што многу бизнисмени, кои во моментов не издаваат фискални сметки, ќе бидат заобиколувани од потрошувачите. Но, пак, да повторам, сево ова ќе зависи од технологијата што ќе се избере од страна на Министерството за финансии, затоа што ефектот ќе биде минорен ако постапката е сложена за реализација, ако не можат сите граѓани да ја користат или ако ограничувањето се направи на многу низок износ – смета Димитров.

Како што додава тој, едноставно продавачите ќе можат да истакнат дека купувањето без фискална сметка ќе значи поевтини цени за купувачите и нема да се добијат очекуваните ефекти.

– Ако регистрацијата на купувачот на секоја фискална сметка е задолжителна, тогаш ќе се намалат манипулациите и ефектите ќе бидат многу поголеми – нагласува Димитров.

Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црна листа. Се најавува намалување на производството во вредност од 30 милијарди долари.

Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи денеска потврди дека компанијата веќе ги чувствува резултатите од притисокот на САД. Вашингтон е загрижен дека Хуавеј тесно соработува со кинескиот безбедносен апарат.

Зборувајќи на дискусија во седиштето на компанијата во Шенжен, Рен потврди дека продажбата на мобилните телефони во странство паднала за 40 проценти. Иако не даде дополнителни детали, портпарол на Хуавеј подоцна објасни дека се работи за пад во продажбата од 40 отсто во периодот мај-јуни по заканите со санкции од САД. Но, според Рен, продажбата во Кина расте.
Хуавеј стана втор најголем продавач на смартфони минатата година, пред Епл а веднаш зад Самсунг, како и најголем светски дистрибутер на опрема за телекомуникациски мрежи.

Во 2018, Хуавеј продал вкупно 206 милиони смартфони, половината во странство, а останатото во Кина.

Рен најави дека Хуавеј планира да го намали производството за околу 30 милијарди долари во следните години, за да ја надмине кризата.

Со оглед на заработката од 100 милијарди долари на компанијата во 2018, намалувањето за 30 милијарди долари би било околу 30 отсто од минатогодишниот приход.

Хуавеј зазема централна улога во трговската војна меѓу САД и Кина, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп де-факто го исфрли Хуавеј од американскиот пазар.
САД стравуваат дека системите на Хуавеј можат да бидат злоупотребени од кинеската влада за шпионирање преку тајни влезови во мрежната опрема.

Хуавеј отфрла поврзаност со кинеската влада, и тврди дека САД никогаш не приложиле доказ за своите тврдења.

Трамп ги притиска и другите влади во светот да ја забранат опремата на Хуавеј, особено во пресрет на очекуваното префрлање на новата 5Г мобилна мрежа.

Туристи има се повеќе, но не колку што имало пред осамостојувањето. Бројот на туристи од месец во месец е во постојан пораст, но земјава едвај може да ги достигне „златните времиња“ на Југославија во поглед на привлекување на домашни и странски посетители. Дури лани бројот на туристи успеа да надмине 1.1 милион туристи што сепак е помалку од најдобрата 1987 година кога Македонија ја посетиле 1.2 милиони туристи. Освен субвенциите за нискобуџетни летови и тур оператори кои ги воведе претходната влада, и граѓаните со ниски примања и оваа година ќе можат да одат на одмор во земјава со државна помош.

-Од 2017 година, кога почнавме да ја спроведуваме оваа мерка, се покажа дека има голем интерес од страна на граѓаните и веќе поддржавме над 2.200 домаќинства кои ги искористија ваучерите и ги посетија нашите туристички места. Мерката има два аспекта од кои првиот е социјалниот, кој е многу важен за нас зашто се поддржуваат семејствата што имаат ниски приходи, а вториот – економски, имајќи во предвид дека се зголемува приходот на нашите хотелиери и вон сезоната, вели Бектеши.

Семејствата со вкупни приходи пониски од 22 илјади денари ќе можат да аплицираат од денеска до 30 август. Министерството за економија веќе склучило договор со 25 хотели во Охрид, Струга, Попова Шапка, Берово, Ресен, Дојран и други локации кои ќе ги примат ваучерите и треба да угостат 1.200 лица преку оваа програма. За оваа намена министерството за економија ќе потроши 325 илјади евра. Досега, на овој начин, 2.200 семејства успеале да одат на годишен одмор. Лани биле регистрирани скоро 420 илјади домашни и 707 илјади странски туристи.

До денеска во Кичевско се поднесени 575 апликации за субвенции во земјоделството, но оваа бројка не е конечна бидеќи рокот за аплицирање е пролонгиран до 30 јуни, велат од Подрачната единица на ресорното Министерство.
 
Оттаму очекуваат бројот на барања да достигне 800.
 

-До 30 јуни земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барањата за финансиска поддршка на површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство (одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица). Барањата за добивање финансиската поддршка се поднесуваат електронски, самостојно од страна на барателите. Оние кои не знаат како тоа да го сторат или имаат потреба од помош при креирање на електронското барање, може да се обратат кај нас, вели раководителот на Подрачната единица, Снежана Софрониевска.

Софрониевска потсети дека одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Добитниците на финансиска помош не смеаат да ги отуѓаат говедата најмалку до 31 октомври годинава објасни Софрониевска
Страница 1 од 62