Во присуство на над 1000 делегати од НР Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ)  во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина.

„Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит и дистрибуција на  производите од НР Кина кон регионалниот но и кон западно европските пазари. Воспоставување на платформата  за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од Македонија и НР Кина, ќе значи можност за зголемување на трговијата и заеднички вложувања на нашиот пазар“, изјави Данела Арсовска и додаде дека над 20.000 компании од Македонија ќе имаат бенефит од приклучување кон платформата. Со активностите на Сојузот за зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток, дава силен мотив за успешна реализација на проектот.

Потпретседателите Габриела Кулебанова и Александар Милошевски, како и претседателот на градежната комора Ивица Јаќимовски остварија директни значајни средби во рамки на Самитот со платформата која се очекува да поврзе над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори.

Минатата година во Унгарија ССК оствари успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар. На годинешниот деловен форум ставен е акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување, инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Во 2017 и во 2016 година по однос на  вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од  444,0 милиони американски долари. Во 2016 година,  вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен  извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од  421,2 милиони американски долари.

Во духот на заедничките напори за воспоставување трајно јавно-приватно партнерство, во просториите на Владата се одржа првиот состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог, составена од претставници на четирите стопански комори и Владата на Република Македонија.

 

 

На состанокот беа дискутирани начини за подобрување на бизнис климата во државата и идни насоки на работењето на Комисијата.

    

Бизнис делегација на највисоко ниво предводена од Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално учествува на 7. Самит и бизнис форум на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој официјално ќе се одржи на 7 јули.  Домаќин на 7. средба на шефовите на Влади на Кина и ЦИЕ е Република Бугарија, во организација на Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина – СЕЕС.

„Минатата година во Унгарија остваривме успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Традиционално како резултат на одличната соработка на Сојузот со НР Кина, очекуваме делегатите да отпочнат нови партнерства,  да осознаат за можностите за вклучување во проектите кои годинава ќе бидат во фокусот и се значајни за Иницијативата 16 + 1 и за целиот регион.  Интересот од страна на компаниите од сите сектори за учество на годинешниот самит е голем и веруваме дека ќе ги надминеме успесите од минатата година од самитот во Будимпешта“, изјави Арсовска во пресрет на Самитот и појасни дека Сојузот активно работи на зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.Годинава, давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамки на кој ќе биде ставен акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување,  инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Бизнис делегација на Сојузот ќе има посебна презентација на проект за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар. Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015), Рига, Латвија (2016), Будимпешта, Унгарија (2017).

 Во 2017 и во 2016 година по однос на  вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од  444,0 милиони американски долари. Во 2016 година,  вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен  извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од  421,2 милиони американски долари.

Сузбивање на неформалната економија во Македонија која изнесува над 30 проценти е главниот предизвик за обезбедување поволен деловен амбиент за малите и средни претпријатија кои се стожер на македонската економија и сочинуваат 99,7% од сите компании во земјата со учество од 70% во БДП како и законската регулатива во функција на инвестициите се главните точки кои претседателот на Сојузот Данела Арсовска и членовите на Управниот одбор ги дискутираа со министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

 

 На средбата беше истакнато дека според анализите на Сојузот, транспорт,  градежништвото, туризмот, угостителството, услужните дејности, потоа земјоделството,  се гранките каде што е најмногу застапена. Поточно, заеднички најголем предизвик за сите регистираните македонски компании без разлика на секторот е токму неформалната економија, која претставува директна нелојална конкуренција на регистрираните и го поткопува развојот на стопанството во Република Македонија.

 

„Потребно е да се овозможи функционален механизам за справување со сивата економија, бидејќи таа не придонесува во буџетот и дополнително ги дестимулира компаниите да инвестираат со тоа што ги руши основите на еднаквост врз кои се темели еден пазарен систем. Еден од основните предуслови за обезбедување на одржлив и континуиран економски раст, повисок животен стандард и поволно деловно окружување е да се обезбедат еднакви услови за сите учесници на пазарот, како и да се спречат нелегалните текови на пари. Неформалната економија бележи раст секоја година и доколку не се отпочне со сериозна акција за нејзино сузбивање финално ке предизвика и дерегистрирање на оние претпријатија кои работат на пазарот и нивно преминување во сивата зона.“, изјави Арсовска и додаде дека сузбивањетона неформалната економија претставува клучен чекор во воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување, рамноправни услови за работа и здрава конкуренција.

 

Анализите на Светска банка покажуваат дека учеството на компаниите кои се борат против нерегистрираните или неформални компании во Македонија е 55, 5% или најмногу во регионот пред Црна Гора со 52,4%, Хрватска со 48,2 %, Албанија со 40,2, Србија со 37, 5 %  и Словенија со 26,5 %. 

 

Министерот Шапуриќ ја истакна отвореноста за соработка за сите прашања на кои укажаа членовите на УО на Сојузот и укажа на партнерски однос на Сојузот со инспекциските служби со цел конкретно лоцирање и укажување на нерегистрираните субјекти во земјава. На средбата се дискутираше и за можностите за подобрување на законската регулатива, како и креирање на нови закони како  Законското регулирање на ангел инвестирите и создавање поволен амбиент за нивен влез, а со тоа и свеж капитал за компаниите.

 

Околу 70 % од МСП се застапени во клучните сектори производство, градежништво, туризам, трговија. Микро, малите и средни претпријатија играат централна улога во Европската заедница.  Потврда за нивното значење во една економија е фактот што во Европската унија, од 28 земји членки, околу 23 милиони мали и средни претпријатија обезбедуваат околу 75 милиони работни места и претставуваат 99% од вкупните претпријатија. Во земјите, во САД и ЕУ се проценува дека малите и средни претпријатија имаат придонес повеќе од 60 проценти во вработувањето, од 40 до 60 проценти во БДП и од 30 до 60 проценти на извозот.

Предводена од претседателот, г-ѓа Данела Арсовска, делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК),  како и претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се во службена посета на Јапонија, поточно Хирошима.

Главна цел на посетата е да се разгледаат сите можности за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот Азиски пазар.

Остваривме средба со владината Аичи Организација за промоција на индустријата како и со Јапонската Асоцијација за стопанство и индустрија, разговаравме за можностите за унапредување на економската соработка , трговската размена и соработка на полето на инвестициите. Во следните денови ќе оствариме и средба со неколку јапонски компании, кои веруваме дека ќе ни пренесат знаење, искуства и ќе ги презентираат најновите технолошки достигнувања и импресивните резултати постигнати на полето на роботиката, електрониката, како и во делот на автомобилскиот сектор “, изјави Арсовска.

Таа додаде, дека има интерес кај јапонските компании за нашата земја. Јапонија е членка на Г8, а тука се наоѓаат дури 62 од 500-те најголеми и најпрофитабилни светски корпорации.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната трговска размена меѓу Македонија и Јапонија во 2013 година изнесува 57,13 мил. УСД. Во првите 3 квартали од 2013 вкупната трговска размена изнесувала 40,85 мил. УСД, а во првиDelegacija Japonijaте 3 квартали од 2014 изнесувала, 45,13мил. УСД. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во структурата на извозот застапени се машини со посебни функции. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: електрични машини и апарати за широка потрошувачка, облека и обувки, машини за индустрија, текстилни предива и суровини, прехранбени производи, мотоцикли.

Малите и средни претпријатија и особено старт-ап фирмите потешко доаѓаат до кредити отколку големите компании, беше констатирано на расправата на Конференцијата за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2014.

Страница 10 од 10