Основниот суд Велес го повлече предлогот за стечај во винарската визба “Повардарие”, откако неколкумина доверители кои на 20 ноември побарале стечај за винарницата, на 22 овој месец до првостепениот суд поднеле поднесок за повлекување на предлогот за отварање на стечајна постапка. За ова денеска во изјава за МИА информираше Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.

-Се разрешува и привремениот стечаен управник. Ние лозарите се надеваме дека сега откако е повлечен предлогот за стечај, винарската визба ќе ги исплати заостанатите долгови за предадено грозје пред неколку години. Според наши информации, се работи за околу 750 илјади евра, нагласи Кулев.

Тој повтори дека оваа винарница и уште една во стечај, на лозаропроизводителите им должат околу милион и 400 илјади евра.

-По вчерашниот наш протест за остварување на нашите права како производители кои побаруваат пари за грозје од пред неколку реколти, во Кавадарци дојде директорот на Инспекторатот за земјоделство заедно со негови соработници. Одржавме заеднички состанок и им ги презентиравме сите наши барања кои се однесуваат на исплата на стари обврски кон нас од страна на овие две винарници, а се осврнавме и на останатите наши барања, со чие исполнување се надеваме дека ќе овозможиме подобри денови за лозарството, додаде Кулев. 

Депозитите во банките во Македонија минатата година забележале раст од 10,5 отсто, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Зголемувањето се должи пред се на растот на депозитите во секторот домаќинства чие учество во вкупниот депозитен раст изнесува 88,5 отсто. Раст е евидентиран и кај денарските и кај девизните депозити.

Вкупно во декември депозитите на домаќинствата изнесувале 252,563 милиони денари, додека кај корпоративниот сектор 97,703 милиони денари.

Зголемување од 7,3 отсто лани има и кај кредитирањето на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Во вкупното кредитирање домаќинставта учествуваат со 66,4, а корпоративниот сектор со 32,3 отсто.

Од вкупните кредити на домаќинствата, најголем дел се потрошувачки, станбени и кредитни картички.

Во присуство на тричлена комисија во просториите на Халкбанк АД Скопје, по случаен избор по електронски пат беше извлечен Дарко Новак од Струга како добитник на главната награда Jeep Compass од тримесечната наградна игра на Халкбанк и Mastercard - „Скокни во Халквантура“.

Среќниот добитник денес допатува во Скопје да ја подигне наградата и воедно да се запознае со одговорните лица кои стојат зад оваа наградна игра.

„Искрено сум благодарен на оваа посебна прилика во мојот живот. Не сум човек кој вообичаено и често учествува на наградни игри, меѓутоа ете, токму кога се одлучив, ми се насмевна среќата. Сум сменил повеќе банки досега, меѓутоа од услугата на Халкбанка навистина сум презадоволен уште пред учеството во наградната игра. Од срце им благодарам на соработката, а особено сакам да ја изразам мојата благодарност до вработените во филијалата во Струга кои ми ја соопштија оваа радосна вест“, рече среќниот добитник Дарко Новак.

Ова инаку е втора наградна игра на Халкбанк, по минатогодишната „Вози Мини со три дисциплини“, каде главната награда беше фантастичниот автомобил Mini One.

На примопредавањето на годинешната главна награда Jeep Compass, главниот извршен директор на Халкбанк, д-р Билал Суџубаши истакна дека организирањето на ваквите наградни игри е токму со цел да се наградат лојалните корисници на услугите на банката, а воедно го изрази своето задоволство дека атрактивниот Jeep Compass паднал токму во рацете на еден од најлојалните клиенти на Халкбанк.

Инаку наградната игра започна на 1-ви октомври, а право на учество имаа сите физички лица, клиенти на Халкбанк, кои во времетраењето на наградната игра направија најмалку 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, беа корисници на минимум две од посочените услугите на банката.

Покрај главната награда Jeep Compass, Халкбанк додели и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари, а листата на добитници може да се погледне на следниот линк.

Лабораторијата на ОКТА доби меѓународен сертификат кој претставува потврда за високото ниво на квалитет и прецизност со кое се вршат испитувањата на нафтените деривати. Со сертификатот, кој го доделува реномираниот и глобално ценет Институт за интерлабораториски студии од Холандија, испитувањата и перформансите на лабораторијата на ОКТА се оценети со највисока оцена.

Предмет на анализата преку која е утврден квалитетот и е дадена оценката беше млазното горивото Jet Fuel A1 при што се анализирани 15 параметри на горивото и сите предадени резултати беа оценети како точни и прецизни. Лабораторијата на ОКТА очекува уште едно вакво признание и за дериватот бензин каде беа анализирани 14 параметри. Сертификат со одлична оцена, лабораторијата доби и во 2017 година кога беа анализирани параметри на примероци од дизел гориво.

Лабораторијата, во која се врши редовна контрола на квалитетот на горивата, е опремена со најсовремени апарати и применува 50 меѓународно акредитирани методи. Почнувајќи од 2006 година кога е добиен првиот сертификат за акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија, лабораторијата функционира независно и врши анализи за голем број институции и компании од државата и од странство.

Како резултат на високите перформанси на лабораторијата и капацитетите за правење детални анализи, компанијата ОКТА веќе четврта година во континуитет ја спроведува Програма Гаранција. Станува збор за првата сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата која се прави со мобилна екипа на терен и со анализи во лабораторијата, со чија помош се потврдува квалитетот на горивата на сите бензински станици со брендот ОКТА.

Купувајте на единствениот онлајн шоп за мажи кај нас www.fridayshop.mk . Уникатна продавница на која ќе најдете огромен избор на продукти за секој од вас.

Fridayshop.mk претставува првата специјализирана онлајн продавница за мажи во Македонија. FridayShop е комбинација од вкус, талент и вештина на еден тим кој работи заедно со цел да ги задоволи потребите на оние кои што го бараат својот стил. FridayShop е нешто повеќе од само обична продавница, FridayShop претставува начин на живот. Преку продажба на производи од различен асортиман кои го подобруваат начинот на живот на еден модерен господин, нашата цел е да ви дадеме едно посебно искуство кога станува збор за онлајн шопингот. Нашата цел е да го направиме вашиот шопингот едноставен и сигурен. Она што е многу важно е тоа што ние нема да бидеме само онлајн продавница, ние сакаме да бидеме и вашиот стилски советник.

Кондури, чисзми, маици, часовници, јакни, аксесоари, продукти за нега, до продукти за дома.

Купувајте со вашата картичка (MasterCard, VISA, Maestro, Diners Club, …) и на рати.

Гарантирано  БЕЗБЕДНО ПЛАЌАЊЕ онлајн, БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за сума над 3000 денари и 24/7  ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Постепено забрзување на инфлацијата и на економскиот пораст во 2019 и во 2020 година очекуваат економските аналитичари во најновата анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП на Народната банка.

„Така, за 2019 година очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе изнесува 1,8 отсто, а 2 отсто во 2020 година. Испитаниците ја објаснуваат нагорната патека на инфлацијата за наредните години со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, зголемената акциза на дизел-горивата, повисоките цени на енергијата, тутунот, како и очекуваниот пораст на цената на нафтата на светскиот пазар“, објаснуваат од Народната банка.

Во споредба со претходната анкета, очекувањата се променети во надолна насока (надолна ревизија за околу од 0,2 проценти поени и 0,1 проценти поени за 2019 и 2020 година).

Во поглед на економската активност, просечните очекувања за реалниот пораст на БДП изнесуваат 2,9 отсто и 3,3 отсто за 2019 и 2020 година.

„Ваквите очекувања испитаниците ги поврзуваат со повисоката економската активност остварена во вториот и третиот квартал на годината, олабавувањето на монетарната политика, политичката стабилност, зголемените изгледи за забрзана европска и евроатланска интеграција, зголемување на инвестициската и извозната активност, најавените капитални инвестиции од страна на државата, како и со пораст на личната потрошувачка поврзан со порастот на платите, кредитирањето и вработеноста“, велат од НБРМ.

Во однос на септемвриската анкета, испитаниците имаат очекувања за посилен пораст на економијата за 0,1 процентен поен за 2019 и 2020 година.

„Сите ние како носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на елиминирање на структурните пречки за зголемување на потенцијалниот економски раст на долг рок и да го забрзаме процесот на реална конвергенција” – истакна гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусија за монетарна политика што се одржа вчера во рамки на 24. Форум на Централна и Источна Европа организиран од „Еуромани”.

Во фокусот на панел-дискусијата беа изгледите за економскиот раст во регионот, импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки и дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа, протекционистичките трговски мерки и Брегзит. Гувернерката на НБРМ најпрво се осврна на изгледите за економски раст во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), укажувајќи на тоа дека според проекциите на меѓународните финансиски институции, тие сѐ уште се релативно поволни, но се очекува помалку поволно глобално окружување во претстојниот период во услови на ризици коишто произлегуваат од трговските тензии, геополитичките случувања, како и помалку поволни услови на глобалните финансиски пазари. Притоа таа истакна дека стапката на раст кај најголем дел од економиите во регионот е близу до потенцијалната, што несомнено упатува на потребата од забрзување на структурните реформи со цел зголемување на нивниот потенцијал за раст. Исто така „спроведувањето на структурните реформи не само што ќе го зголеми потенцијалот за раст и не само што ќе ја намали ранливоста на економиите туку и ќе помогне за намалување на премиите за ризик, што ќе значи и поповолни услови за финансирање на економиите..” – укажа, меѓу другото, гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата беа отворени и други прашања значајни како за економиите од регионот, така и за европската и светската економија, воопшто. Гувернерката на НБРМ активно дискутираше и за актуелните случувања поврзани со можното излегување на Велика Британија од Европската Унија, како и за прашањето за независноста на централните банки, на кое му беше посветено особено внимание на овој форум.

Форумот на „Еуромани”, кој се одржа изминативе два дена во Виена, Австрија, несомнено е еден од водечките настани од областа на финансиите, на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници. Поради тоа, важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставниците на институциите носители на политики, така и на претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и на инвеститорите. На годинешново издание на Форумот, учесник од Република Македонија беше и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски.

Во рамки на своето учество на овој значаен настан, гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари повеќе работни состаноци.

Македонската влада ја усвои информацијата за основање на туристичка развојна зона „Матка“ и му даде препорака на Град Скопје во рок од 30 дена да обезбеди постоечка документација за изградба на спортско – рекреативниот центар „Езеро Треска“ во општина Сарај.

Ваквиот владин потег за заживување на најголемиот центар за спорт и рекреација во Скопје доаѓа точно една година по усвојувањето на одлуката на Град Скопје за изработка на проект за ревитализација на „Езеро Треска“.

Од градскиот буџет за 2019 година се издвоени 3.000.000 денари за изготвување на неопходната документација, но за нивна изработка е потребно да се издвојат средства и од буџетот на општина Сарај.

Градот Скопје и општина Сарај одлучија заедно да соработуваат со цел спортско-рекреативниот центар Треска, еден од капиталните објекти на градот Скопје да се ревитализира и да му се врати некогашната функција – да биде сврталиште на скопјани.

За изготвување проект за ревитализација, Градот Скопје определи 7 милиони денари од кои 3 милиони ќе се потрошат оваа година, а во наредните две години и остатокот од предвидените средства. Оваа одлука глатко помина на минатонеделната седница на Советот на Град Скопје и за неа гласаа мнозинството советници.

– Финансиската состојба што ја наследив во Градот не дозволува за шест месеци да биде направен проект, па уште за шест да се реализира, туку мора побавно. Самиот факт дека скопјани ќе добијат едно пристојно катче да се рекреираат и да избегаат од жештините и загадувањето е доволен мотив за Градот да инвестира. Се надевам дека помалку од три години езерото Треска ќе стане бисер на Скопје што ќе им го оставиме на идните генерации – рече во образложението градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Езерото е забрането за капење веќе 20 години поради лошиот бактериолошки квалитет на водата и зголеменото присуство на алги. Со комплексот управува Општината Сарај. Паркинг службата наплаќа 50 денари за влез, а едно кафуле нуди ладни пијалоци. Меѓутоа, нема информации колку луѓе го користат автокампот.

Токму заради малиот број посетители, единствената зачувана убавина е дендропаркот составен од голем број дрвја и грмушки. Ова е едно од ретките места во Македонија каде има ваков хортикултурен диверзитет.

Езерото Треска се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 метри и има капацитет од 10.000 капачи. Спортско-рекреативниот комплекс бил изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

Неколку децении Треска функционирало како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу брегот на езерото се наоѓале бунгалови, кафетерии, ресторани, базени, гардероби и тоалети, а работел и мал камп за приколки и трејлери.

На скопјани им се потребни повеќе места како Треска, за престој на отворено и рекреација. Треска чекаше доволно за обнова, време е да се рехабилитира и да се врати на граѓаните.

Француската банка „Societe Generale“ објави дека нејзините резултати за четвртиот квартал ќе бидат погодени од најтешките пазарни услови и влијанието на одредени продажби на средства, додека доверителите во светот се борат со нестабилноста на финансиските пазари, соопштува „Ројтерс“.

„Предизвикувачката пазарна средина на глобалните пазари на капитал се очекува да доведе до пад на глобалните пазари и приходите од инвеститорските услуги од речиси 20% во четвртиот квартал од 2018-та година во однос на истиот квартал од 2017-та година и околу 10% во 2018-та година во однос на 2017-та година, како и до значително зголемување на бројот спрема пазарниот ризик на средства“, вели „SocGen“ во соопштението.

„SocGen“ додава дека ќе преземе еднократен надомест од 240 милиони евра како резултат на некои реализирани продажби, вклучувајќи продажбата на „SocGen Serbia“ и делот во „La Banque Postale Financement“.

Трговијата меѓу банките на „Wall Street“ беше потресена поради загриженоста околу глобалната економија и тековниот трговски спор меѓу САД и Кина.

Од „SocGen“ изјавија дека нејзините дивиденди за 2018-та година ќе останат стабилни во споредба со минатата година на ниво од 2,20 евра по акција и се очекува соодносот за основен капитал од прв ред да биде меѓу 11,4 и 11,6%.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорот на Арапската Република Египет, Моајад Фатхаллах ел-Далие, кој е во работна посета на земјава.

„Египет е првиот сосед на Европа, а тоа има посебно значење за нас земјите од Југоисточна Европа имајќи предвид дека се наоѓаме на патот на трговските коридори што ја врзуваат Европа со земјите од Африка, но и од целиот исток“, истакна Османи на почетокот од средбата упатувајќи благодарност за посетата и покажаниот интерес за соработка до амбасадорот Далие.

„Двете држави имаат традиционално пријателски односи, што треба да се искористи за унапредување на културната, политичката и, пред сѐ, економската соработка за што постои огромен потенцијал“, рекол вицепремиерот.

Во таа насока соговорниците посочија и на потребата од обновување на старите деловни врски меѓу бизнис-секторот на двете земји за чие поттикнување со свои активности би се вклучиле двете држави.

Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, Банката ќе стане прв избор на клиентите за купување на осигурителни производи, па затоа покрај обезбедените поволности, Стопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им нуди и пакети на производи кои вклучуваат осигурување.

Во понудата на осигурителни производи поврзани со кредитни производи од редовната понуда на Стопанска банка АД – Скопје:

БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ – (годишно) добиваат сите постојни и нови корисници на Visa/MasterCard кредитните картички на Стопанска банка АД – Скопје;

ПАКЕТ КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ СО ОСИГУРУВАЊЕ:

Дополнително, во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје може да се купи:

  • Патничко осигурување со промотивни цени за клиентите на Банката,
  • Осигурување од незгода,
  • Имотно осигурување (домаќинско осигурување и осигурување од пожар и други опасности),
  • Автоодговорност (задолжителното осигурување за сите возила),
  • Зелен картон,
  • Каско осигурување.
Страница 7 од 10