Висока делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Данела Арсовска, традиционално и годинава учествува на 8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р. Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Во рамки на Економскиот Форум на кој учествуваат над 1000 делегати, се остварија средби во насока на понатамошното проширување на соработката со Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како дел од платформата 16 + 1 а во фокусот годинава е трансферот на знаења и технологии.

„Извоз, инфраструктура, иновации, инвестиции се во фокусот на годинешниот 16+1 Економски Форум на тема Градење на нови мостови преку отвореност, иновација и партнерство. Секоја година од отпочнувањето, Сојузот е вклучен во иницијативите на НР Кина за зголемување на деловната соработка, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток. Годинава, особен акцент е ставен на иновациите како глаболен тренд кои ја зголемуваат конкурентноста и генерира раст во сите сектори на стопанството и се еден од најважните двигатели на економски развој во современите економии. Одржливиот економски раст во голема мера зависи од степенот на инвестиции во технологии, истражување и иновации. Пред две години во Унгарија остваривме успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства со НР Кина, а минатата година во Бугарија ја воспоставивме билатералната платформа за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од двете земји, за зголемување на трговијата и заедничките вложувања на нашиот пазар. Годинава, потпишуваме договор за дополнително зајакнување на добро воспоставените деловни релации и склучување нови партнерства, преку трансфер на знаења и технологии, изјави Арсовска и додаде дека пред нас е можноста од прва рака да се добијат информации за вклучување во проектите кои годинава ќе бидат во фокусот со оглед на тоа што секој Самит резултира со прецизни насоки кои поставуваат конкретни цели за следната година.

Економскиот форум и индивидуалните состаноци со претставниците од Н.Р. Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа годинава е во организација на хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на Балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании е отворен пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.

Нашата вкупна трговска размена со Н.Р. Кина во 2018 година изнесува речиси 500 милиони евра, остварен е извоз од околу 56 милиони евра, а увоз од скоро 440 милиони евра. Во 2017 година, трговската размена била 448 милиони евра, со остварен извоз од околу 55 милиони евра и увоз од 392 милиони евра. Во следната година потребно е активно да се делува кон намалување на трговскиот дефицит преку имплементација на склучените актуелни трговски договори.

Согласно анализите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кинеските инвестиции во регионот растат, а се очекува и нивно дополнително зголемување во наредните години. Како што се наведува, порастот почнал по првиот регионален самит во 2015 година, кога челниците на Кина со лидерите на земјите од регионот договорија зајакнување на економските врски. Според податоците на ММФ, најмногу кинески инвестиции се реализирани во Србија, со вкупна вредност од 2,6 милијарди евра, а потоа во БиХ – 2,1 милијарди.

Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015), Рига, Латвија (2016), Будимпешта, Унгарија (2017), Софија, Бугарија (2018).

Денеска, 04.04.2019 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берзаво 2018 година

Штаермеркише Шпаркасе Групација (консолидиран)

Годишен резултат со состојба 31 декември 2018

► Добивка по оданочување 178 милиони евра, оперативен резултат 213 милиони евра

► Над 6 милијарди евра за корпоративно финансирање – раст од 7%

► Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Банка во Хрватска е најдобра банка-ќерка со добивка од 136 милиони евра, распределба на добивка за Групацијата Штаермеркише Шпаркасе 56 милиони евра

► Добри стапки на пораст

На домашниот пазар – пораст на кредити 6%, пораст на депозити 8%

Во странство – пораст на кредити 11%, пораст на депозити 12%

► Над 45.000 нови клиенти

Годишен резултат со состојба 31 декември 2018

„Во 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе постигна најдобар резултат во својата речиси 200 годишна историја. По исклучително добрите финансиски години 2016 и 2017, имавме добивка која исто така, беше значително над планот и во 2018 година. Сите деловни сегменти на домашниот пазар дадоа натпросечни резултати. Резултатите на нашите банки во регионот на Западен Балкан, исто така, беа значително над планираните. Извонредните резултати од минатите години и добриот капитал на банката се основа за понатамошна експанзија. Со зголемување на нашите заложби во Северна Македонија преку склучување на документот за намера за купопродажба и стекнување со најмалку 74,53% во Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Скопје, веќе се направени првите чекори во насока на понатамошна експанзија на позицијата на пазарот во земјите на Западен Балкан“, истакна Герхард Фабиш, Главен извршен директор на Штаермеркише Шпаркасе.

Добивка по оданочување 178 милиони евра

Консолидираниот годишен суфицит во 2018 година изнесува 178 милиони евра. Задоволителните стапки на пораст во клиентската дејност и многу добрата состојба со ризиците во целата групација дадоа значителен придонес во овој резултат. Учеството на сите банки во регионот на Западен Балкан генерираа многу добри резултати. Вкупниот биланс на состојба на Групацијата (консолидиран) се зголеми на 16 милијарди евра. Со вкупен биланс на состојба од 13,7 милијарди евра, Штаермеркише Шпаркасе како матична компанија на Групацијата има доминантно учество во вкупниот биланс на состојба на Групацијата, како и во претходните години. Позитивниот развој на резултатот на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе (консолидиран) со оперативен резултат од 213 милиони евра се базира на пораст на бизнисот со клиенти, кој исто така продолжи и во 2018 година, како и на стабилните трошоци. Стапката на основниот капитал на Групацијата (консолидирана) продолжи да се зголемува и во 2018 година на 18,0%; коефициентот на капиталот изнесуваше 20,2%. Според тоа, Штаермеркише Шпаркасе се наоѓа на многу високо ниво при меѓународна споредба. Акционерскиот капитал на Групацијата изнесуваше 1,6 милијарди евра на крајот на 2018 година и споредено со 2017 година постигнато е понатамошно зголемување.

Извонредно зголемување на бројот на нови клиенти

Во 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (консолидирано) како сигурен и стабилен партнер опслужуваше 711.611 клиенти во земјата и во странство. Во 2018 година стекна над 45.000 нови клиенти. На крајот на 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) опслужуваше околу 2,7 милиони клиенти.

Над 6 милијарди евра за финансирање на корпоративни клиенти – пораст од 7%

Во сегментот на корпоративни клиенти, Штаермеркише Шпаркасе оствари многу успешна 2018 година. Економскиот пресврт пристигна. Со 1,1, милијарди евра финансиски инвестиции, кредитното портфолио за корпоративни клиенти за првпат го надмина прагот од 6 милијарди евра. Ова значи пораст од 7% за 2018 година. Во овој дел, финансиското инвестирање за малите и средни претпријатија во износ од 476 милиони евра беше основен двигател на растот. Новиот обем на финансиско инвестирање за малите и средни претпријатија во 2017 и 2018 година изнесуваше околу 30% над просекот во периодот од 2013 до 2016 година и јасно покажува дека застојот во инвестирањето од последните неколку години е надминат. Во однос на консалтингот, особена важност беше посветена на извозниот консалтинг на нашите корпоративни клиенти и бројот на извозно финансирање се зголеми за 25%. Во овој контекст, извозните компании поднесоа барања за финансирање во износ од 76 милиони евра.

Во дејноста со недвижнини, Штаермеркише Шпаркасе успеа дополнително да ја прошири својата компетентност со обем на финансирање од 575 милиони евра за целите на постојната одржлива побарувачка за инвестиции во станови, модел на удели во градба, изнајмување на домови и имот на корпоративни клиенти.

Штаермеркише Шпаркасе се грижи за 24.500 корпоративни клиенти, т.е. едно од две мали и средни претпријатија е во активен деловен однос со Штаермеркише Шпаркасе. Во 2018 година, банката стекна 1.575 нови клиенти, од кои 40% се основачи на стартапи.

Со дигиталниот финансиски еко систем околу Telebanking Pro, Групацијата Шпаркасе е „прв двигател“ на австрискиот пазар.

Исклучително успешната финансиска година во деловниот сегмент за корпоративни клиенти е документирана со поглед на целокупната заработка на Штаермеркише Шпаркасе. Учеството во консолидираниот суфицит беше 65 милиони евра или 36,4%.

Зголемување на бизнисот со клиенти – физички лица

Во финансирањето на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе достигна нов обем од 550 милиони евра, што означува зголемување за 20 милиони евра наспроти минатата година. Вкупниот обем на финансирање на физичките лица од акционерското друштво (АГ) изнесуваше 3,5 милијарди евра; околу 80% од овој износ отпаѓа на финансирање на резиденцијални објекти.

Штедните влогови во Групацијата (консолидирано) се развиваат во многу позитивна насока во 2018 година, со зголемување за 300 милиони евра на околу 6,5 милијарди. Тие се многу популарни и покрај ниската каматна стапка со висока сигурност и брза достапност.

Освен тоа, минатата година беа склучени 26.000 нови договори за штедење. Нашите клиенти имаат готовински штедни влогови од скоро 600 милиони евра. Со над 13.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 315 милиони евра темите за провизии,  несреќи и ризици беа одлично имплементирани. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон обезбедување провизии за пензиите и осигурување од несреќа. Само во овие две области, 12.000 барања на клиенти беа исполнети преку високо квалитетен консалтинг.

И покрај силните варирања на цените на финансискиот и капиталниот пазар, бизнисот со хартии од вредност се одвиваше одлично во 2018 година. Резултатите во делот на провизиите  од околу 27 милиони евра, како и бројот на сметките на клиентите за тргување со хартии од вредност се одржаа на високо ниво. Тоа значи дека довербата на нашите клиенти се потврди и во  делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

Со над 13.000 продадени кредитни картички, беше одржан добриот резултат од претходната година. Едно од три плаќања веќе се извршени со бесконтактни картички. Со 250.000 корисници на „George“, уште еднаш покажуваме дека имаме јасно поставен правец кон иновативно лидерство со „George“.

Продолжување на солидна состојба на ризици во Групацијата

Исто така, во финансиската 2018 година беа резервирани трошоци за ризици во износ од околу 9 милиони евра, со што Штаермеркише Шпаркасе имаше многу добра позиција во однос на своите конкуренти. Стапката на NPE (non-performing exposure) – нефункционални изложености (процент на нефункционална изложеност во севкупната кредитна изложеност) сега е намалена на 2,2% од портфолиото. Резервациите за ризици и постојните обезбедувања покриваат повеќе од 112% од обемот на лоши кредити. Овие резултати уште еднаш ја потврдуваат ефикасноста на системот за управување со ризици во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (консолидирано).

Како и во претходната година, капацитетот за справување со ризици на Групацијата (консолидирано) беше повеќе од ефикасен и во 2018 година.

Југоисточна Европа: финансискиот резултат од странство со 39,2% придонес во добивката

Во изминатата финансиска година, нашите странски учесници продолжија со својот успешен развој и придонесоа кон консолидираниот суфицит со 39,2% придонес во добивката. Во сите земји на ЈИЕ, порастот на кредити изнесуваше околу 11,2%. Со порастот на депозитите од околу 12,4% беше финансиран порастот на кредити и рефинансирањето од матичната групација се намали. Добивката на странските подружници во проширениот домашен пазар беше доста над планот заради позитивниот развој во сегментот на ризиците.

Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше екстремно задоволителен подгрупациски резултат од 135,8 милиони евра, најдобар резултат во историјата на банката до тогаш; ова беше резултат особено на резервите за ризици кои беа пониски споредено со претходната година. Заемите на клиентите се зголемија за 9,3% и депозитите за 11,3%, последователно. ROE (Return on Equity – Поврат на капиталот) изнесуваше 11,7% со CIR (Cost-Income Ratio – Коефициент трошоци/приходи) од 49,9%.

Шпаркасе Банка Босна и Херцеговина генерираше добивка по оданочување од 9,9 милиони евра. ROE изнесуваше 10,4% со CIR од 60,4%. Развојот на бизнисот со клиенти беше многу задоволителен. Порастот на кредитите изнесуваше 8,9% и порастот на депозитите изнесуваше 11,8%.

Ерсте Банкa во Србија генерираше годишен суфицит од нешто над 25,1 милиони евра, што повторно соодветствува со нов историски пораст. Порастот на кредитите беше со импресивни  33,5% и депозитите на клиентите, исто така, постигнаа рекордно зголемување од 21,3%.

Со 9,2 милиони евра, Ерсте Банка Црна Гора генерираше најдобар резултат во историјата на банката и покрај најсилната конкуренција до тогаш. ROE изнесуваше 12,8% со CIR од 60,4%. Порастот на кредитите изнесуваше околу 7% споредено со претходната година.

Во целата финансиска година, Шпаркасе Банка во Северна Македонија ги зголеми заемите на клиентите за задоволителни 21,1% во однос на претходната година, додека депозитите на клиентите се зголемија за 19,9%. Банката генерираше добивка од 2,5 милиони евра, што е значително над планираното.

Во Северна Македонија, заложбата на Штаермеркише Шпаркасе понатаму се зголемува со склучување на документот со намера за купопродажба и преземање на Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Скопје, предмет на одобрување од регулаторните органи. Со преземањето на ОБСЖ, Штаермеркише Шпаркасе ќе има вкупни средства од околу 1 милијарда евра во Северна Македонија со што ќе биде четвртата најголема банкарска групација во земјата со учество на пазарот од околу 12 до 14%, во зависност од сегментот.

Како и во претходната година, Банка Шпаркасе во Словенија повторно генерираше многу добар резултат со 8,5 милиони евра. Заемите на клиентите се зголемија за 0,7%, додека депозитите на клиентите се зголемија за 9,2%.

Групацијата S-Leasing во југоисточна Европа финансира подвижни средства и моторни возила и тековно управува со вкупна обврска од околу 584 милиони евра. Генерираната добивка по оданочување изнесуваше 10,3 милиони евра. Резултатите од стратешкото учество во широкиот домашен пазар потврдуваат стабилна и долгорочна бизнис стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

Вработени и локации

До крајот на 2018 година, Групацијата Штаермеркише Шпаркасе имаше 2.785 вработени (консолидирано) на 231 локации во Штаерска и во југоисточна Европа. Бројот на вработени во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе (вклучено Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 8.291 на 490 локации.

Австриски пазар во 2019 година и преглед за 2019 година

Домашната економија повторно силно порасна во 2018 година, по добриот развој во претходната година. Австрискиот БДП се зголеми за 3,0% во 2017 година споредено со претходната година. Домашниот пазар на труд, исто така, имаше бенефиции од силната економија. Стапката на невработеност во Австрија падна од 5,5% на годишен просек во 2017 година на 4,9% и остана значително под споредбените бројки на Европската унија, каде изнесува 7,3%.

ЕЦБ последен пат ги намали основните каматни стапки во првиот квартал од 2016 година на 0% и, од тогаш се наоѓаат на исто ниво. Релаксираната политика на основните каматни стапки, исто така, продолжи и во 2018 година, иако инфлацијата во Австрија веќе достигна високо ниво од 2,2% споредено со 2,0% во претходната година. Според тековните предвидувања од два австриски институти за истражување ВИФО и ИХС, австриската економија треба да се олабави на зголемен БДП за 1,7% на 2,0%, врз основа на високото ниво во 2018 година.

Компанијата Макпетрол минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 858.901.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 313.575.000 денари.

“Во овој период, Макпетрол и подружниците оствари вкупен приход во износ од 22,2 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, односно остварен е пораст од 16,6%. Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6%, коишто приходи се остваруваат 94,9% со продажба на домашниот пазар“, стои во Образложението за промените во финансискиот резултат.

Напротив компанијата има планови за инвестирање во кадарот преку реализирање на проектот за дуално образование. Тоа покажува дека размислува на подолг рок, рече денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс денеска потврди оти „Дрексeлмајер“ нема намера да се повлече од земјава откако на социјалните мрежи се споделуваа информации дека компанијата планира да си оди од Кавадарци.

– „Дрексeлмајер“ сега со сигруност можам да потврдам дека нема да се повлече од Македонија. Напротив компанијата има планови за инвестирање во кадарот преку реализирање на проектот за дуално образование. Тоа покажува дека размислува на подолг рок – рече Мертенс.

Во 2018 година АД Европа Скопје оствари вкупни бруто приходи на износ од 800.296.562 денари и се зголемени за 9,8% во однос на бруто приходите од 2017 година.

Вкупните расходите се зголемени за 1,6% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2018 година се зголемени за 4%, а финансиските расходи пак се намалени за 85% во однос на 2017 година.

Ариљеметал доо, една од водечките компании од областа на машинството во Македонија, од 19 до 21 април  ќе се претстави на најголемиот саем за сврзувачка техника (Fastener Fair)  во Европа, STUTTGART  MESSE 2019, во Германија.

На сопствен штанд ќе се промовираат капацитетите и можностите на оваа наша реномирана компанија за производство на најразлични сложени машински делови за потребите на индустријата во земјите на ЕУ. Ариљеметал е веќе познат на пазарите на Унијата бидејќи нуди врвен квалитет, куси рокови на испорака и коректни цени.

„Во ова динамично време на брзи промени во индустријата, потребно е македонските компании да бидат присутни на сите големи индустриски настани во Европа. За сериозните компании македонскиот пазар е премал и недоволен за тој да биде база на  идниот развој. Конкуренцијата постојано се зголемува, меѓутоа ние веруваме во нашите квалитети и затоа сме тука да докажеме дека вредиме и дека можеме да го освоиме и  Европскиот пазар и да бидеме сериозни партнери на металната индустрија во Европа”- вели Трајан Ангелоски, заменик генерален директор на Ариљеметал – Скопје.

Саемот во Штутгарт инаку е најголемиот саем од овој тип во Европа, со преку 4.000 излагачи од 50 земји во светот и со преку 100.000 посетители во трите дена колку што трае манифестацијата.

За Ариљеметал овој саем е извонредна шанса огромен број компании од целиот свет да ги видат производите и услугите на компанијата и да се започнат бизнис контакти со нови, како и да се зајакнат контактите со веќе постоечките европски бизнис партнери.

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат.

Арсовска на самитот посочи дека претприемачите се носители на голем потенцијал за зголемување на економскиот раст, како и за поттикнување на иновативноста  во приватниот сектор.

„Заложбите на Сојузот континуирано се насочени кон поттик и поддршка на  претприемништвото. Покрај тешкиот и ограничен пристап до финансии за претприемачите, „трите К“ се посочени како најголем предизвик. Контролата односно инспекцискиот надзор се потешкотија за секој кој отпочнува сопствен бизнис и нема ресурси да ја следи и да се усогласува со регулативата. Затоа контролите се особено стресни и се можност за уназадување на претприемачите поради изречени глоби за неусогласеност. За претприемачите, ново отворените мали компании дерегулација во првите години од отпочнување со дејност е најдобрата поддршка која можат да ја добијат. Корупцијата е вториот предизвик, додека казните т.е глобите се третиот од проблемите кој претприемачите ги истакнуваат дека неповратно ги оштетуваат нивните обиди за успешно водење на компаниите  кои ги основале. Минатогодишниот проект за поддршка на претприемништвото на Сојузот, ни овозможи нова база на информации за потребите на националните претприемачи и од кој произлегоа бројни мерки со чија имплементација ќе се стимулира нивниот развој, а ние активно стоиме во нивна заштита “ истакна Арсовска и додаде дека во земјите од регионот има многу сличности во предизвиците но и во потребите, токму затоа, соработката на деловните организации со локалните власти за развој на претприемништвото базирано на иновации е можност за економски развој на целиот регион.

Во рамки на 6. Регионален самит на претприемачи во Република Хрватска на претседателот на ССК, Арсовска и беше доделена посебна висока награда и признание  за особен придонес на развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа во 2018 година. Признанието за ССК и Арсовска е резултат на минатогодишниот проект за поддршка на претприемништвото на национално и меѓународно ниво, како и за квалитет на лидерство за водење на институција.

Наградата секоја година во рамки на Регионалниот самит на претприемачи  ја доделува Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија од Република Хрватска и Меѓународниот економски форум за претприемачи.

АД Електрани на Македонија на 5 март продаде 8.400 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра. Продадената електричната енергија е за периодот 11.03 – 17.03.2019 година.

Просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 44,43 EUR/MWh.На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува 43,24 EUR/MWh.

ТТК Банка АД Скопје отвори нова експозитура во општина Чаир, Скопје што е во согласност со својата стратегија за поголема достапност, а во насока на обезбедување навремена и квалитетна услуга.

-На овој начин Банката ќе ги приближи своите производи и услуги до сегашните и идни корисници, физички и правни лица кои до сега ги имаа на располагање најблиските експозитури. Корисниците ќе бидат опслужени од страна на високостручен тим кој ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи што ги нуди банката и што се најсоодветни за корисниците. Во рамките на експозитурата се наоѓа и банкомат на Банката, наведуваат од банката.

Според претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје Драгољуб Арсовски главна цел на ТТК Банка АД Скопје е да биде прв и сигурен избор на граѓаните и компаниите.

Настојуваме, вели тој, да го постигнеме ова не само со нашето искуство, традиција и професионалност, туку и со постојано подобрување на работењето и зголемување на достапноста на производите и услугите што ги нудиме. – Оваа цел сакаме да ја постигнеме и со тоа што им овозможуваме на нашите клиенти подобри и поквалитетни услуги што ќе ја олеснат секојдневната потреба во финансиското работење, додава Арсовски.

По повод отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите корисници кои ќе отворат сметка или ќе аплицираат за кредит.

-Актуелно корисниците имаат можност да аплицираат за кредитните производи по промотивни услови: Visa кредитната картичка со 0 отсто камата и без членарина во првата година, атрактивните потрошувачки кредити со ниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,5 отсто годишно, хипотекарните кредити со фиксна каматна стапка за првите три години од 4,9 отсто годишно, супер станбениот кредит со фиксна каматна стапка во првите три години од 2,85 отсто годишно, со намалени трошоци за одобрување и други поволности, велат од банката.

Со отворањето на новата експозитура во Чаир, Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно седум филијали, 20 експозитури и два шалтера ширум земјата.

Новата експозитура ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

Охридска банка Сосиете Женерал минатата година работеше со добивка од 577.200.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, банката прикажа добивка во висина од 351.019.000 денари.

Нето приходите од камати на крајот од 2018 година, како што стои во Коментарот за остварените резултати, изнесуваат 1.170,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 11,4 милиони денари или за 1% со реализација на планот од 94,4%. Нето приходите од провизии и надоместоци, во износ од 316,2 милиони денари, е зголемен за 35,5 милиони денари, или за 12,6% во однос на истиот период минатата година, со реализација на планот од 103%.

Страница 5 од 10