Османи и египетскиот амбасадор се согласија дека треба да се обноват старите врски во бизнис-секторот

Четврток, 17 Јануари 2019 14:00 Напишано од  Објавено во БИЗНИС

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со амбасадорот на Арапската Република Египет, Моајад Фатхаллах ел-Далие, кој е во работна посета на земјава.

„Египет е првиот сосед на Европа, а тоа има посебно значење за нас земјите од Југоисточна Европа имајќи предвид дека се наоѓаме на патот на трговските коридори што ја врзуваат Европа со земјите од Африка, но и од целиот исток“, истакна Османи на почетокот од средбата упатувајќи благодарност за посетата и покажаниот интерес за соработка до амбасадорот Далие.

„Двете држави имаат традиционално пријателски односи, што треба да се искористи за унапредување на културната, политичката и, пред сѐ, економската соработка за што постои огромен потенцијал“, рекол вицепремиерот.

Во таа насока соговорниците посочија и на потребата од обновување на старите деловни врски меѓу бизнис-секторот на двете земји за чие поттикнување со свои активности би се вклучиле двете држави.