Oд денеска плаќање во кеш само до 2.000 евра

Понеделник, 09 Јули 2018 09:09 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Граѓаните од вчера можат да исплаќаат или примаат пари во кеш во вредност до 2.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банка или штедилница. Претходниот износ за плаќање во готовина беше 15.000 евра.

Намалувањето на вредноста на плаќање во кеш за 13.000 евра е предвидено во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кој неодамна беше објавен во Службен весник и стапува во сила на 7 јули.

Закон за спречување пари и финансирање тероризам:


„Се забранува вршење на готовински плаќања, односно исплата, примање на готови пари или размена на валута во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе поврзани трансакции што не е извршено преку банка или штедилница.“