Лагард: Можен е заеднички буџет на евро зоната

Понеделник, 09 Јули 2018 07:47 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Предложениот заеднички буџет на евро зоната би можел да биде имплементиран под услов да не стане обичен трансфер на пари од богатите земји на сиромашните членки на ЕУ. 

 

– Буџетот би можел да биде направен без каква било обврски од страна на овие другите, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

 

Лидерите на Франција и Германија се слогласија минатиот месец околу предлог за таков буџет, кој би можел да се користи за намалување на економските разлики меѓу земјите од евро зоната и да се стабилизира економијата, меѓутоа со таа идеја не се согласија другите членки на ЕУ, пред се  Холандија која е загрижена како можат парите да се повлечат и да се користат.