Предизвици за финансирање на МСП

Петок, 29 Јуни 2018 13:38 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

На Правниот факултет Јустинијан Први се одржа трибина за подобрување на можностите за финансирање на малите и средните претпријатија во Република Македонија, предизвици и перспективи.

 

За значењето на финансирањето на МСП свое излагање имаше  проф.д-р Александара Максимовска Стојкова, за институционалната поддршка за МСП во Република Македонија, говореше, проф. Д-р Александар Стојков, договор за лизинг како алтернативен начин на финансирање проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, како и претставници на Комерцијална банка, директорот на Фондот за иновации.

 

На трибината беше истакнато значењето на МСП како стожер на економијата со оглед на тоа што 99,7 % од сите компании се МСП и приденесуваат со 70% од буџетот. Исто така се дискутираше за моделите за финансирање на МСП, како и за трите клучни проблеми за нивен развој, а тоа се регулатива за пристап до финансии, капацитети на МСП, како и конзервативниот банкарски сектор.