НБРМ: Каматите на кредитите повисоки од ЕУ, но на ниво на регионот

Понеделник, 03 Јуни 2019 13:48 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Каматните стапки на банкарските кредити во Македонија се се уште релативно високи. Македонските граѓани на банките им плаќаат камати кои се повисоки во однос на оние во земјите од Западна Европа. Сепак, според Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Бежоска, каматните стапки кај нас не се разликувале многу од оние во регионот и оти во целиот пост кризен период каматната стапка на Централната банка се намалила значајно и таа во моментот изнесува 2,25% што е на историски најниско ниво за домашната економија.