Еврото на најниско ниво во однос на доларот од јули 2017 година

Понеделник, 13 Август 2018 12:15 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Еврото потона на најниско ниво во однос на доларот од јули 2017 година, со оглед на загриженоста за европските банки со активности во Турција, каде лирата поевтини за повеќе од 20 проценти во однос на американскиот долар, пренесоа светските агенции.

Еврото понесе силен удар во петокот по објавување на „Фајненшл тајмс“ дека Европската централа банка (ЕЦБ) има се поголеми стравувања за некои европски кредитори, претежно шпанската „BBVA“, италијанската „UniCredit“ и француската „BNP Pariba“, бидејќи тие се меѓу банките во еврозоната, со најголеми дејности во Турција.

Јужноафриканскиот ранд и мексиканското песо исто така ослабнаа во однос на доларот.