ФИНАНСИИ

Најдоцна до октомври ќе биде објавен ребалансот на буџетот за годинава. Заменик-министерката за финансии Шерет Елези вели дека службите во министерството веќе работат на анализа која треба да ја покаже реализацијата на тековните и капиталните проекти од државната каса. Елези конкретно не одговори на прашањето, кој е надлежен за ребалансот таа или премиерот Зоран Заев кој се прогласи за надлежен во финансии сè додека не биде назначен нов министер. „Знаете дека министерот за финансии е помеѓу најсилните институции во државата и министерството за финансии ги следи политиките што ги зацртува владата. Имаме ние агенда на владата на Северна Македонија и…
Минатогодишната проверка на отпорноста на банките на можни неповолни услови за бизнис не била доволно ригорозна, заклучиле во средата европските ревизори, препорачувајки дека критериумот за избор на банките да биде ризикот, а не нивна големина. Европската агенција за банки(EBA) ја проверува отпорноста на банките за можните неповолни услови за работење од 2011 година, по должничката криза во еврозоната во 2009 година, која поттикна стравувањата дека некои земји членки нема да можат правилно да ги сервисираат нивните должнички обврски. Во извештајот објавен во ноември минатата година заклучиле дека ситуацијата во 48 банки од 15 земји во ЕУ и Норвешка, кои заедно сочинуваат околу 70…
Народна банка, за периодот април-мај оценува поволни движења во економијата, видливи преку забрзаниот раст на трговијата и натамошниот раст на индустријата. „Овие податоци, како и стапката на раст на економската активност од 4,1 проценти во првиот квартал од оваа година, којашто е блиска до проектираната, соодветствуваат со очекувањата за солиден економски раст оваа година. Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првата половина од годинава изнесува 1,2 проценти, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5 проценти за целата 2019 година. Ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за оваа година засега се оценуваат како урамнотежени“, велат од Народна банка…
Мерењата на Државниот завод за статистика го екипираше економскиот тим на Владата и премиерот Зоран Заев. Откако бројките покажаа пад на невработеноста и раст на Бруто домашниот производ, највисоките претставници на владата на прес-конференција соопштија денеска дека во првите три месеци од годинава стапката на раст на БДП изнесува 4,1 отсто.   „Задоволство ми е денеска да соопштам дека растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 процент, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно, има разлика. Разликата од пред две години е 4,1 процент. Очекуваме разликата да се зголемува зошто во вториот квартал…
Каматните стапки на банкарските кредити во Македонија се се уште релативно високи. Македонските граѓани на банките им плаќаат камати кои се повисоки во однос на оние во земјите од Западна Европа. Сепак, според Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Бежоска, каматните стапки кај нас не се разликувале многу од оние во регионот и оти во целиот пост кризен период каматната стапка на Централната банка се намалила значајно и таа во моментот изнесува 2,25% што е на историски најниско ниво за домашната економија.
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и од 200 евра, стои во официјалното соопштение на банката. Банкнотите се последните во низата кои ја сочинуваат серијата Европа, како дополнение на оние од 5, 10, 20 и 50 евра. Тие се помали, подолго траат и “поседуваат“ иновативни безбедносни карактеристики коишто оневозможуваат фалксификување Според ЕЦБ, бакнотата од 100 евра е трета најшироко користена евро банкнота веднаш по онаа од 50 евра и 20 евра. Од банката додаваат и дека побарувачката за банкноти од 100 и 200 евра се зголемува со годишна стапка од 7,6% за таа…
Според Месечниот статистички билтен на Македонска берза, најтргувани акции за април биле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол. Со вкупно 442 трансакции, водат акциите на Комерцијална банка и зафаќаат 44,43% од вкупниот промет на официјалниот пазар. Зад нив се акциите на Алкалоид со 232 трансакции, а трети се Макпетрол со 128 реализирани трансакции. Најголем пораст изминатиот месец е регистриран кај акциите на: Мермерен Комбинат Прилеп (23,41%), Скопски Пазар Скопје (10,33%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (10%). Најголем пад имаат акциите на РЖ Услуги Скопје (-19.05%), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје (-18,68%), Стопанска банка Скопје (-12,58).
До 2023 година во земјава ќе влезат 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и за вложување во човечки ресурси. Парите се од Светска банка и ќе се влечат периодично, зависно од проектите кои ќе ги одобрува бордот на директори на оваа меѓународна финансиска институција. Според планот, за изградба и реконструкции на локални патишта ќе бидат одобрени 70 милиони долари. За олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан предвидени се 26 милиони долари. Поголемиот дел од парите ќе бидат за наменети за проекти поврзани со образованието, социјалата, здравството, енергетската ефикасност, но пред се во доменот на човечкиот капитал. Од 420…
Во 2018 година имаме највисок раст на просечната нето-плата во последните девет години, дури неколкукратно повисок во однос на претходните години, вели за МИА министерот за финансии Драган Тевдовски.  Како што наведува, во 2018 година се чуствува ефектот на раст на минималната плата, но исто така влијание има и растот на продуктивноста. -Во декември 2018 година просечната плата се приближува до 26 илјади денари или тоа е скоро две илјади денари повеќе во однос на декември 2017 година. Ова несомнено најголем раст на просечната плата последниве девет години. Втор најголем раст имаме во 2017 година. Ако во 2017 ефект имаше…
Поголема транспарентност, усогласување со меѓународните практики и поголем креидбилитет кај меѓународните институции и инвеститори се очекуваните ефекти од измените на Законот за јавен долг кои ги изработи Министерството за финансии, а кои се во собраниска процедура. Со измените се предлага враќање на негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. - Негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг до 2014 година, кога со измени на законот беше изземен. Ова решение беше критикувано од ЕУ веќе во следните заеднички заклучоци од министерскиот дијалог во 2015 година. Беше критикувано и од тогашната опозиција и експертска јавност.Вклучувањето на негарантираниот долг во пресметката…