НОВИНИ

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија,  Данела Арсовска,  со свое официјално обраќање ја отвори три дневната Конференција на ментори во Скопје и заедно со Амбасадорот на Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пламп и организаторотСлавица Николовска, Македонската мрежа на ментори им посакаа добредојде на над 60 професионалци ментори во Скопје од Македонија, Холандија, Албанија и Косово. Целта на конференцијата со која стартува проектот "Зајакнување на жените преку менторство“ е да се поттикне важноста на менторскиот процес, како и вмрежувањето во Република Македонија и во регионот  во насока на   промовирање на еднаквите права на мажите и жените како и  поддршка на иницијативите на жените претприемачи.…
Денес започна јавната расправа за целосно новиот Предлог закон за практиканство, со кој во правни рамки се става оваа дејност и преку кој се дефинираат правата и обврските на практикантите - лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар. Претседателот на ИКТ комората при ССК, Саша Огненовски, зеде активно учество на состанокот. Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, потенцираше дека со овој закон, кој за првпат се воведува во правната регулатива на Република Македонија, се пополнува една празнина и на одреден начин се решава јазот помеѓу знаењата и вештините…
Преобемната законска регулатива го кочи и земјоделското производство, смета Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис-комората при Сојузот на стопански комори. Тој посочува дека постојано се носат нови закони и се изменуваат и дополнуваат постојните, а тоа им создава дополнителни проблеми на земјоделците и го намалува интересот за оваа дејност. – Земјоделците, наместо да се занимаваат со орање, копање, садење и други земјоделски активности, мораат да се занимаваат со административни работи. Имаме голем број закони, правилници, обемна регулатива што ни го парализира и поскапува производството. Мора да направиме дерегулација, да се поедностават прописите. Голем проблем се и казните, кои се дополнителен товар…
Претседателот на Туристичко угоститилската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Националниот патронат за туристички агенции во Романија Адриан Станчулеску.  На настанот присуствуваше амбасадорот на Романија во Република Македонија, г. Виорел Станила кој даде поддршка на зацврстување на соработата во полето на туризмот меѓу двете земји. Целта на меморандумот   е      поддршка и промовирање на деловното опкружување во областа на туризмот, како во Романија, така и во Република Македонија, размена на информации во областа на туризмот, зголемување на протокот на туристи и  туристичките понуди, како и можности за искористување на заеднички…
Да не се укинуваат веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи на тој начин се доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор кои трпат големи финансиски штети. Дополнително, самиот процес на прекин на градба значи финански товар и за останатите 26 гранки поврзани со градежништвото,  граѓаните кои одлучиле да инвестираа во стан,  за самите општини и државата, велат од Градежната комора на Македонија, на прес конференцијата по одржаниот Управен одбор предовден од претседателот Ивица Јаќимовски.   „Правната сигурност е основа за инвеститорите и за сите чинители вклучени во процесот на градење. Сметаме дека не смее да се…
Подобрување на деловниот амбиент преку интензивирање насоработката на домашни и странски инвеститори во земјата, со посебен акцент на важноста од влез на компании кои користат повисоки технологии со оглед на лимитираните можности и ресурси на малите и средни претпријатија за вложување во истражување и развој, како и квалификувана работна сила која ќе одговори на потребите на пазарот на труд се темите на кои дискутираа потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Александар Милошевскии членовите на Управниот одбор со Зорица Апостолска, министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија. „Веруваме дека влезот на нови технологии ќе придонесе компаниите…
Заедничка координација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) за регистрирање на субјектите кои немаат регистрирано фирма, a со цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција се главен фокус на кој двете институции ќе соработуваат за подобрување на деловниот амбиент. Меморандумот за соработка меѓу институциите кој го потпишаа претседателот на Сојузот Данела Арсовска и директорот на УЈП, Сања Лукаревска значи официјализирање на соработката и заедничка работа на повеќе полиња за подобрување на деловниот амбиент во земјата.   „Неформалната т.е сивата економија е еден од најголемите проблеми бидејќи оние кои учествуваат во неа…
Во присуство на над 1000 делегати од НР Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ)  во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина. „Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит…
Во духот на заедничките напори за воспоставување трајно јавно-приватно партнерство, во просториите на Владата се одржа првиот состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог, составена од претставници на четирите стопански комори и Владата на Република Македонија.     На состанокот беа дискутирани начини за подобрување на бизнис климата во државата и идни насоки на работењето на Комисијата.
     Бизнис делегација на највисоко ниво предводена од Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) традиционално учествува на 7. Самит и бизнис форум на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој официјално ќе се одржи на 7 јули.  Домаќин на 7. средба на шефовите на Влади на Кина и ЦИЕ е Република Бугарија, во организација на Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина – СЕЕС. „Минатата година во Унгарија остваривме успех со потпишување на 7 договори…