НОВИНИ

Висока делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Данела Арсовска, традиционално и годинава учествува на 8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р. Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Во рамки на Економскиот Форум на кој учествуваат над 1000 делегати, се остварија средби во насока на понатамошното проширување на соработката со Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како дел од платформата 16 + 1 а во фокусот годинава е трансферот на знаења и технологии. „Извоз, инфраструктура, иновации, инвестиции се во фокусот на годинешниот 16+1 Економски Форум на тема…
Висока делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Данела Арсовска, традиционално и годинава учествува на 8. Самит и Економски форум на шефовите на Влади на Н.Р. Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Во рамки на Економскиот Форум на кој учествуваат над 1000 делегати, се остварија средби во насока на понатамошното проширување на соработката со Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како дел од платформата 16 + 1 а во фокусот годинава е трансферот на знаења и технологии. „Извоз, инфраструктура, иновации, инвестиции се во фокусот на годинешниот 16+1 Економски Форум на тема…
Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. Арсовска на самитот посочи дека претприемачите се носители на голем потенцијал за зголемување на економскиот раст, како и за поттикнување на иновативноста  во приватниот сектор. „Заложбите на Сојузот континуирано се насочени кон поттик и поддршка на  претприемништвото. Покрај тешкиот и ограничен пристап до финансии за претприемачите, „трите К“ се посочени како најголем…
На годишаната сесија на Светскиот Инвестицики Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех. „За прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис - PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од…
Петте министри од економски ресори се обврзаа до крајот на месецот да им одговорат на четирите Стопанските комори за статусот на барањата поврзани со измените во регулативата во повеќе области Tековните измени во законите за просторно и урбанистичко планирање и за градба, законите за данок на личен доход и за јавни набавки, правилата за категоризација на угостителски објекти, состојбата со кредитирање и други регулативи под надлежност на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделие беа клучни на минатонеделната, втора седница на Комисијата во рамки на Платформата за јавно-приватен дијалог, којашто…
Подобрување на конкурентноста на регионот преку хармонизација на инвестициските политики на економиите на шесте земји на Западен Балкан со стандардите на ЕУ и најдобрите меѓународни практики, зацврстување на јавно - приватниот дијалог, како и вклучување на сите релевантни фактори во процесот на донесување на одлуки се дел од заклучоците на првиот форум на високо ниво на тема: Инвестициските политики во фокус на РИРА агендата за Западен Балкан, во насока на успешна имплементација на Регионалната инвестициска реформска Агенда за Западен Балкан. Цел на Регионалната инвестициска агенда за Западен Балкан е хармонизација на инвестиционите политики со стандардите на Европската унија и најдобрите…
Генералниот Совет на Светската Коморска Федерација (World Chamber Federation) со седиште во Париз, го објави назначувањето во раководството на Данела Арсовска. Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница која се одржа во Дубаи со што во раководството на највисоките позиции од 1919 година од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Република Македонија.  Арсовска ќе го заземе местото на еден од 20. членови на Генералниот совет кои ќе раководат со Федерацијата, каде останатите членови ги претставуваат САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија.  Назначувањето во највисокото тело на Светската…
Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска ги реализираше редовните консултации со Мисијата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од  Џесмин Рахман  шеф на Мисијата на ММФ за Македонија, која е во посета на нашата земја од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. На средбата се дискутираше за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја истакна важноста од спроведувањето на структурните економски реформи како приоритет и стратешка определба на земјата што би ја придвижиле економијата забрзано напред. Суштината како што рече, е континуитет на реформите,…
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Царинската управа на Република Македонија  го промовира концептот на овластен економски оператор (OEO). На пресконференцијата беше истакнато дека  статусот на OEO е меѓународно признаена марка за квалитет која укажува на тоа дека економските оператори од Македонија како производители, извозници и увозници, шпедитери и транспортери во меѓународниот ланец на снабдување се безбедни и сигурни, а нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека првите компании веќе аплицираа и се во процедура на имплементирање на неопходните правила за добивање на статус ОЕО, што значи поволност за…
Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска е во службена посета на Вашингтон. Целта на посетата е отпочнување на разговори за унапредување на правилата на работа кои ќе гарантираат безбедност на домашните и странски инвестиции, а кои треба да се усвојат најдоцна до 2020 година. „Административните правила по кои ќе работат националните институции играат важна улога во економскиот развој, а крајна цел на овие разговори е поттикнување на домашните и странските инвестиции во земјите во развој. Доколку не се овозможи хармонизација со глобалните правила и практики, ќе заостануваме на полето на економијата, бидејќи брзите промени на закони…