Кочо Анѓушев ги пофали нафтените увозници дека не испаднале „скапџии“

Вторник, 14 Мај 2019 14:08 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, рече дека е задоволен од тоа што увозниците на дизел и дриги нафтени горива не го злоупотребиле привремено нерегулираниот пазар и не ги поскапеле цените во малопродажбата денеска. Цените што биле дефинирани на бензинските пумпи, според Анѓушев, се исти како што би се формирале од стран ан Регулаторната комисија за енергетика, која не може да ја примени новата методологија до 20 мај поради законски вакум.

- Тие направија еден коректен пристап кон пазарот и не ги зголемија цените, иако пазарот во овој период е либерален, се до донесувањето на методологијата - изјави денеска вицепремиерот.

Тој додаде дека не верува во тоа дека во иднина моќе да се јави монополско здружување затоа што новиот Закон за енергетика ќе постави максимален праг на цените. Вели дека самите компании ќе имаат слободен избор да си ја определуваат маржата, но не повеќе од она што ќе го дозволи РКЕ, со цел да се заштитат потрошувачите и индустријата.