Директорот на АХВ, Атанасов избран за член на извршниот комитет на ЕУ- ФМД

Петок, 19 Април 2019 14:01 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

На 43 то Генерално собрание на ЕУ-ФМД (Европска комисија за справување со Лигавката и шапот) при ФАО, кое се одржа на 17-18 Април 2019 година во седиштето на ФАО во Рим, за член на извршниот комитет е избран директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија – Зоран Атанасов.

-Повторно ми е дадена доверба во следните четири години да бидам меѓу шесте членови на извршниот комитет. Голема доверба од страна на членовите на собранието но и потврда на досега сработеното во минатиот период- изјави Атанасов и додаде дека најголемиот новитет е во тоа што покрај тековните и идните активности на ЕУ-ФМД, во справувањето со ширењето и сузбивањето на прекуграничните болест кои брзо се шират кај животните, се закана по нивното здравје и живот, а и предизвикуваат огромни економски штети, ќе биде користено искуството кое го има ЕУ-ФМД, и кое досега се покажа успешно во спречувањето и сузбивањето на ваков вид на болести.