Македонска делегација со успех на Светскиот Инвестициски Форум 2019

Вторник, 19 Февруари 2019 09:18 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

На годишаната сесија на Светскиот Инвестицики Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот
д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех.

IMG_20190219_083001.jpgЗа прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис - PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од целиот свет, а кои на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститоти присутни на годинешниот Форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели“, изјави проф. д-р Леонид Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стат ап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори стат ап бизниси на Светскиот Форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

 

Последен пат изменето на Вторник, 19 Февруари 2019 09:50