Веб платформа за занимања

Петок, 28 Декември 2018 11:08 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

 Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја изработи специјализираната веб-платформа за прегледот на работните места, со најважните информации за одредени занимања. Платформата е креирана во рамки на Проектот “Решенија за вработување на младите преку социјален дијалог на локално ниво” кој е поддржан од Меѓународната организација на трудот и се реализира  во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Оваа платформа ја води Mинистерството за труд и социјална политика и истата континуирано се ажурира со објави на нови занимања.

Ве покануваме да ја разгледате платформата на веб страницата www.zanimanja.mk. Во рамки на платформата, објавени се занимања од различни сектори, кои имаат за цел да ги претстават профилите на стручните професии, нивните работни задачи, потребно образование, работна средба, слободни работни места на пазарот на трудот итн.

 

Последен пат изменето на Петок, 28 Декември 2018 11:10