Новини во царинската тарифа за 2019 година

Петок, 28 Декември 2018 11:04 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Во Службен весник на Република Македонија бр. 227 од 12.12.2019 година објавена е „Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа“ за 2019 година и истата се наоѓа и во Депозитарот на интранет, како и на интернет страната на Царинската управа во дел „царинска тарифа-подзаконски акти“ на следниов линк http://www.customs.gov.mk/images/documents/zakoni/zakon-tarifa/podzakonAkt/Tarifa2019.pdf

Измените во Царинската тарифа за 2019 година се усогласување со Комбинираната номенклатура на Европската унија во Одлуката целосно е транспонирана Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 1602/2018 со која се менува Комбинираната номенклатура на ЕУ за 2019 година, објавена во Службен весник на ЕУ бр.Л 273 од 31.10.2018 година.

Воглавном измените се должат на промените во трговските текови и трговската пракса, поради појаснување на текстовите и нивно поедноставување. Во Царинската тарифа за 2019 година нема намалување на царинските стапки и измените не предизвикува фискални импликации.

Измените на номенклатурата се посебно означени со симбол пред тарифниот подброј со следното значење:

ê  Се однесува на нови тарифни ознаки

■  Се однесува на тарифни ознаки од претходната година, но со различен опфат.

-Додадени се 7 нови тарифни ознаки, како расчленувања на тарифните подброеви на ХС, додека пак заради намален обем на трговија избришани се  7  тарифни ознаки.

-Во однос на единечните мерки во Комбинирана номенклатура избришана е единечната мера  1000 л и во тарифните ставови каде постоеше  истата е заменета со м3 ( во тар. подброј  2710 12).

-Во тарифниот број 0308 избришан е тарифен подброј за свежи, разладени медузи.

-Во глава 15 е додадена нова дополнителна забелешка 5 и истата се однесува на прехранбени производи приготвени од производи од Глава 15 во одмерени дози, како што се капсули, таблети, пастили или пилули, кои се наменети за употреба како додатоци во исхраната (food supplements) и истите се исклучени од оваа Глава.

-Дополнителните забелешки од Глава 4, глава 17 и глава 27 се  со мала промена во смисол на дообјаснување околу имплементација на соодветни применливи регулативи и поими.

-Во дополнителна забелешка 10 од глава 22 има измена во појаснувањето  за пенливи ферментирани пијалоци.

-Во глава 76 додадена е дополнителна забелешка за материјал за изработка на лименки за пијалоци и соодветно отворени подброеви, односно изменета структура на тарифен подброј 7606 12.

-Во тарифен подброј 8443 13  кај машини за офсет печатење има измена на тарифни подброеви заради промена на форматот на листови  кои ги користат.

Напомена:Царинските стапки предвидени за увоз на стоки опфатени во новите тарифни ознаки остануваат исти како што биле утврдени во старите тарифни ознаки, односно тарифните ознаки од кои  истите произлегле, а согласно Законот за царинска тарифа и не се предмет на усогласување и отворање на национални  тарифни ознаки.

Корелационите табели за измените на тар. ознаки и нивните корелации се објавени на следниов линк

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/presmetka-na-davacki-mk/carinska-tarifa-mk/1466-vodic-carinenje-stoki-mk

Водичот за царинење е објавен на следниов линк

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/presmetka-na-davacki-mk/carinska-tarifa-mk/1466-vodic-carinenje-stoki-mk