НОВИНИ

На годишаната сесија на Светскиот Инвестицики Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех. „За прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис - PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од…
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ги потпиша договорите за доделување концесија на рибите за организирање рекреативен риболов за шест акумулации: Стрежево, Козјак, Мантово, Паљурци, Мавровица и Глобочица. Како што информира МЗШВ, договорите се дел од трите постапки за доделување риболовни концесии кои беа донесени со одлука на Влада. Со постапката беа опфатени 19 риболовни води (шест риболовни ревири и 13 рекреативни зони) од кои денеска се потпишаа шест договори. -Владата годинава донесе одлуки за почнување три постапки за доделување концесија на рибите за организирање рекреативен риболов во кој беа опфатени 47 риболовни води од кои 28 за риболовни…

Веб платформа за занимања

Петок, 28 Декември 2018 11:08
 Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја изработи специјализираната веб-платформа за прегледот на работните места, со најважните информации за одредени занимања. Платформата е креирана во рамки на Проектот “Решенија за вработување на младите преку социјален дијалог на локално ниво” кој е поддржан од Меѓународната организација на трудот и се реализира  во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Оваа платформа ја води Mинистерството за труд и социјална политика и истата континуирано се ажурира со објави на нови занимања. Ве покануваме да ја разгледате платформата…
Во Службен весник на Република Македонија бр. 227 од 12.12.2019 година објавена е „Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа“ за 2019 година и истата се наоѓа и во Депозитарот на интранет, како и на интернет страната на Царинската управа во дел „царинска тарифа-подзаконски акти“ на следниов линк http://www.customs.gov.mk/images/documents/zakoni/zakon-tarifa/podzakonAkt/Tarifa2019.pdf Измените во Царинската тарифа за 2019 година се усогласување со Комбинираната номенклатура на Европската унија во Одлуката целосно е транспонирана Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 1602/2018 со која се менува Комбинираната номенклатура на ЕУ за 2019 година, објавена во Службен весник на ЕУ бр.Л 273 од 31.10.2018 година. Воглавном измените се должат на…
– Македонија е рангирана на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила. „Од својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат…
Индустриското производство во 11-те месеци од годинава бележи раст од 5,2 отсто во однос на тој период лани, а на месечно ниво во ноември индустриското производство забележа раст од 4,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 6,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,2 отсто.. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, пијалаци,  текстил,…
Петте министри од економски ресори се обврзаа до крајот на месецот да им одговорат на четирите Стопанските комори за статусот на барањата поврзани со измените во регулативата во повеќе области Tековните измени во законите за просторно и урбанистичко планирање и за градба, законите за данок на личен доход и за јавни набавки, правилата за категоризација на угостителски објекти, состојбата со кредитирање и други регулативи под надлежност на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделие беа клучни на минатонеделната, втора седница на Комисијата во рамки на Платформата за јавно-приватен дијалог, којашто…
Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по кој било основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетата годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок. Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на…
Подобрување на конкурентноста на регионот преку хармонизација на инвестициските политики на економиите на шесте земји на Западен Балкан со стандардите на ЕУ и најдобрите меѓународни практики, зацврстување на јавно - приватниот дијалог, како и вклучување на сите релевантни фактори во процесот на донесување на одлуки се дел од заклучоците на првиот форум на високо ниво на тема: Инвестициските политики во фокус на РИРА агендата за Западен Балкан, во насока на успешна имплементација на Регионалната инвестициска реформска Агенда за Западен Балкан. Цел на Регионалната инвестициска агенда за Западен Балкан е хармонизација на инвестиционите политики со стандардите на Европската унија и најдобрите…
Генералниот Совет на Светската Коморска Федерација (World Chamber Federation) со седиште во Париз, го објави назначувањето во раководството на Данела Арсовска. Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница која се одржа во Дубаи со што во раководството на највисоките позиции од 1919 година од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Република Македонија.  Арсовска ќе го заземе местото на еден од 20. членови на Генералниот совет кои ќе раководат со Федерацијата, каде останатите членови ги претставуваат САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија.  Назначувањето во највисокото тело на Светската…