Хотел Панорамика Дизајн & Спа прогласен за најдобар хотел на „World Travel Awards“

Понеделник, 17 Јуни 2019 13:35 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Хотел Панорамика Дизајн & Спа доби награда за водечки хотел во Република Северна Македонија од страна на Меѓународната туристичка манифестација ,,World Travel Awards“ – Оскарите во туризмот.

,,На 26-тата годишна церемонија што се одржа на 8 јуни во Мадеира, Р. Португалија, ги добивме нашите трофеи, со чувство на гордост, но и должност да продолжиме со добрата работа. Би сакале да им се заблагодариме на нашите гости за поддршката и огромна благодарност до нашиот персонал кој е посветен на давање искрена гостопримлива услуга.’’ –изјави Генералниот Менаџер Теодор Константакос.

Инаку „World Travel Awards“веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.