„Макпетрол“ ги покачи цените на нафтените деривати

Вторник, 21 Мај 2019 09:26 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Бензините на пупмпите на „Макпетрол“ поскапуваат за еден денар, а дизелот за два.

Новите цени ќе изгледаат вака:

  • Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
  • Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
  • Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
  • Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
  • Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Поскапувањето е дојдено поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи, информираат од „Макпетрол“ АД Скопје, а овие цени ќе важат до 21ви месецов.