Кои се тие што прават пола милијарда приход од продажба?

Среда, 08 Мај 2019 10:46 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

„Седумтемина величествени“ најголемите ланци малопродажни маркети за стоки од широка потрошувачка лани заедно оствариле приход што надмина половина милијарда евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на „КАМ“, „Кит Го“, „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Стокомак“ и „Жито Маркети“.

„КАМ“ е неприкосновено најголем учесник на пазарот. Приходите од продажба на овој ланец маркети лани надминале 130 милиони евра и тоа е најдобар резултат во историјата на постоење на овој трговски ланец. Неговите приходи пораснале за 13,4 отсто, а добивката за лани изнесува 3,4 милиони евра и таа е за 10 отсто пониска од 2017 година. Нето добивката е 2,6 отсто од целиот приход. „КАМ“ вработува 849 лица.