Профитот на Mastercard пораснал за 27 проценти

Четврток, 02 Мај 2019 13:37 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Mastercard во вторникот соопштил дека нeговиот квартален профит се зголемил за 27 проценти, објави Reuters.

Силниот американски пазар и бум на онлајн купувањето го зголемиле обемот на трансакции преку платната мрежа на компанијата, според изјавата на Mastercard.

Нето добивката се зголемила на 1,9 милијарди долари или 1,8 долари по акција во првиот квартал заклучно со 31 март, во споредба со 1,5 милијарди долари или 1,41 долари по акција од претходната година.

Компанијата заработила 1,78 долари, додека аналитичарите очекувале нето приход од 1,66 долари по акција, објави Reuters.