ТТК Банка ја прошири мрежата на експозитури со нова во Чаир

Четврток, 07 Март 2019 14:53 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

ТТК Банка АД Скопје отвори нова експозитура во општина Чаир, Скопје што е во согласност со својата стратегија за поголема достапност, а во насока на обезбедување навремена и квалитетна услуга.

-На овој начин Банката ќе ги приближи своите производи и услуги до сегашните и идни корисници, физички и правни лица кои до сега ги имаа на располагање најблиските експозитури. Корисниците ќе бидат опслужени од страна на високостручен тим кој ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи што ги нуди банката и што се најсоодветни за корисниците. Во рамките на експозитурата се наоѓа и банкомат на Банката, наведуваат од банката.

Според претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје Драгољуб Арсовски главна цел на ТТК Банка АД Скопје е да биде прв и сигурен избор на граѓаните и компаниите.

Настојуваме, вели тој, да го постигнеме ова не само со нашето искуство, традиција и професионалност, туку и со постојано подобрување на работењето и зголемување на достапноста на производите и услугите што ги нудиме. – Оваа цел сакаме да ја постигнеме и со тоа што им овозможуваме на нашите клиенти подобри и поквалитетни услуги што ќе ја олеснат секојдневната потреба во финансиското работење, додава Арсовски.

По повод отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите корисници кои ќе отворат сметка или ќе аплицираат за кредит.

-Актуелно корисниците имаат можност да аплицираат за кредитните производи по промотивни услови: Visa кредитната картичка со 0 отсто камата и без членарина во првата година, атрактивните потрошувачки кредити со ниска фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,5 отсто годишно, хипотекарните кредити со фиксна каматна стапка за првите три години од 4,9 отсто годишно, супер станбениот кредит со фиксна каматна стапка во првите три години од 2,85 отсто годишно, со намалени трошоци за одобрување и други поволности, велат од банката.

Со отворањето на новата експозитура во Чаир, Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно седум филијали, 20 експозитури и два шалтера ширум земјата.

Новата експозитура ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

Последен пат изменето на Четврток, 07 Март 2019 14:55