„Спорт лајф“ обезбеди 2 нови медицински апарати за КАРИЛ

Среда, 30 Јануари 2019 14:14 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Со хуманата акција „Голови за победа, голови за радост“ Sport Life обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На светското ракометно првенство, од 10-ти до 27-ми јануари, Sport Life навиваше заедно со сите нас, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2.000 денари, на кој начин се достигна до износот на донацијата и истиот се заокружи на 400.000 денари. За постигнатите голови на македонските ракометари може да се потсетиме и на следниот линк: https://sportlife.com.mk/golovizaradost

Целта на Спорт Лаjф беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас – здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставниците на Министерството за здравство, истата ќе биде врачена на клиниката за КАРИЛ.