Витаминка планира вкупни приходи од приближно 52.150.000 ЕУР – 60 % од домашниот пазар, а 40% од странските пазари

Среда, 09 Јануари 2019 09:05 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Друштвото ПИ „Витаминка“ АД Прилеп, го усвои планот за работа за 2019 година на седницата на Одбор на директори одржана на 20.12.2018 година.

Предвидувањата во планот за работа се базирани врз основа на : Реалните пазарни очекувања, продажните проекции и можности за пласман на нашите производи на постоечките и новите пазари; Зголемување на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на сопствените ресурси и потенцијали; Намалување на поедини групи на трошоци во одредени сегменти.

Имајќи ја предвид среднорочната стратегија за развој на друштвото и во 2019 година продолжува со инвестирање со цел следење на развојните процеси. Основно инвестициите се однесуваат на
модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постоечките капацитети, воведување на нови производни линии, градежна реконструкција и адаптација на
производни хали и магацини за складирање.

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 52.150.000 ЕУР. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се
оствараат на домашниот пазар, а 40% да се оставараат на странски пазари.

Како приоритети на продажба се следните зголемувањето на продажбата на домашниот пазар и зголемување на продажбата во балканските земји.

Остварувањето на финансискиот план ќе ја зголеми добивката на друштвото за 15-20 %.