Стопанска банка а.д. Битола слави 70 години, верна и посветена на бизнисот и граѓаните

Четврток, 01 Ноември 2018 14:22 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Стопанска банка а.д. Битола годинава прославува 70 години постоење, период во кој се докажа како верен поддржувач на работењето на бизнис заедницата и на граѓаните. Вчера, Банката го одбележа својот роденден во седиштето во Битола. Во Скопје, каде банката продолжи да го развива своето работење и својот раст во успешна македонска банка, која ги следи трендовите во современото банкарство, прославата е закажана за следната недела.

Довербата која Стопанска банка а.д. Битола ја ужива кај своите клиенти е само потврда повеќе за квалитетот на услугите и иновативноста на производите, кои корисниците лесно ги препознаа.

– Ова е свечен момент за сите вработени и клиенти на Стопанска банка а.д. Битола – 70 години постоење, раст и развој. Тука не застануваме. Веќе размислуваме за иновации и напредок во следните децении. Нашата визија е секој граѓанин и компанија на едноставен начин да ужива во поволностите кое ги носи модерното банкарство. Атрактивните производи, особено за младите, финансиската поддршка за издржани и просперитетни бизнис проекти и целокупната палета на производи што ги нудиме се резултат на трудот што секој вработен го оставил зад себе. Особено сме среќни и благодарни на довербата што нашите клиенти ни ја даваат. Тоа е силна мотивација и должност за уште поголема посветеност – вели претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

 

Врската која банката веќе 70 години ја гради со своите клиенти, особено е зацврстена откако Стопанска Банка а.д. Битола почна да се трансформира во современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените. Карактеристики кои ѝ овозможија да се докаже како една од најуспешните средни банки во Македонија, но и еден од најпосакуваните работодавачи во секторот. Стопанска банка а.д. Битола своето богато портфолио на услуги и финансиски производи го нуди во над 20 филијали низ Македонија.