КОМПАНИИ

Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нови атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот. Со реновирањето, Телеком продавницата во Кавадарци нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на компанијата. Продавницата има нов интерактивен продажен концепт со самоистражување низ забава,…
Добитник на наградата „Автомобил на годината“ за 2019 на македонскиот пазар е „форд фокус“. Во трката за наградата автомобил на годината беа пет возила и тоа „киа цид“, „цитроен Ц5 еркрос“, „опел грандленд Х“, „форд фокус“ и „волво ХЦ40“. Победничкото возило „форд фокус“ доби 69 бодови од жирито, пред „цитроен Ц5 еркрос“ со 67 и „киа цид“ модел што доби 66 бода. Признанието СУВ на годината го доби моделот „цитроен Ц5 еркрос“. Изборот на автомобил на годината се организира по 24 пат, а при избор на победникот се оценуваат адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност…
Со хуманата акција „Голови за победа, голови за радост“ Sport Life обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“. На светското ракометно првенство, од 10-ти до 27-ми јануари, Sport Life навиваше заедно со сите нас, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2.000 денари, на кој начин се достигна до износот на донацијата и истиот се заокружи на 400.000 денари. За постигнатите голови на македонските ракометари може да…
Основниот суд Велес го повлече предлогот за стечај во винарската визба “Повардарие”, откако неколкумина доверители кои на 20 ноември побарале стечај за винарницата, на 22 овој месец до првостепениот суд поднеле поднесок за повлекување на предлогот за отварање на стечајна постапка. За ова денеска во изјава за МИА информираше Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”. -Се разрешува и привремениот стечаен управник. Ние лозарите се надеваме дека сега откако е повлечен предлогот за стечај, винарската визба ќе ги исплати заостанатите долгови за предадено грозје пред неколку години. Според наши информации, се работи за околу 750 илјади евра, нагласи Кулев. Тој…
Во присуство на тричлена комисија во просториите на Халкбанк АД Скопје, по случаен избор по електронски пат беше извлечен Дарко Новак од Струга како добитник на главната награда Jeep Compass од тримесечната наградна игра на Халкбанк и Mastercard - „Скокни во Халквантура“. Среќниот добитник денес допатува во Скопје да ја подигне наградата и воедно да се запознае со одговорните лица кои стојат зад оваа наградна игра. „Искрено сум благодарен на оваа посебна прилика во мојот живот. Не сум човек кој вообичаено и често учествува на наградни игри, меѓутоа ете, токму кога се одлучив, ми се насмевна среќата. Сум сменил повеќе банки…
Лабораторијата на ОКТА доби меѓународен сертификат кој претставува потврда за високото ниво на квалитет и прецизност со кое се вршат испитувањата на нафтените деривати. Со сертификатот, кој го доделува реномираниот и глобално ценет Институт за интерлабораториски студии од Холандија, испитувањата и перформансите на лабораторијата на ОКТА се оценети со највисока оцена. Предмет на анализата преку која е утврден квалитетот и е дадена оценката беше млазното горивото Jet Fuel A1 при што се анализирани 15 параметри на горивото и сите предадени резултати беа оценети како точни и прецизни. Лабораторијата на ОКТА очекува уште едно вакво признание и за дериватот бензин каде…
Купувајте на единствениот онлајн шоп за мажи кај нас www.fridayshop.mk . Уникатна продавница на која ќе најдете огромен избор на продукти за секој од вас. Fridayshop.mk претставува првата специјализирана онлајн продавница за мажи во Македонија. FridayShop е комбинација од вкус, талент и вештина на еден тим кој работи заедно со цел да ги задоволи потребите на оние кои што го бараат својот стил. FridayShop е нешто повеќе од само обична продавница, FridayShop претставува начин на живот. Преку продажба на производи од различен асортиман кои го подобруваат начинот на живот на еден модерен господин, нашата цел е да ви дадеме едно посебно…
Француската банка „Societe Generale“ објави дека нејзините резултати за четвртиот квартал ќе бидат погодени од најтешките пазарни услови и влијанието на одредени продажби на средства, додека доверителите во светот се борат со нестабилноста на финансиските пазари, соопштува „Ројтерс“. „Предизвикувачката пазарна средина на глобалните пазари на капитал се очекува да доведе до пад на глобалните пазари и приходите од инвеститорските услуги од речиси 20% во четвртиот квартал од 2018-та година во однос на истиот квартал од 2017-та година и околу 10% во 2018-та година во однос на 2017-та година, како и до значително зголемување на бројот спрема пазарниот ризик на средства“,…
Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи. Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, Банката ќе стане прв избор на клиентите за купување на осигурителни производи, па затоа покрај обезбедените поволности, Стопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им нуди и пакети на производи кои вклучуваат осигурување. Во понудата на осигурителни производи поврзани со кредитни производи од редовната понуда на Стопанска банка АД – Скопје: БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ – (годишно)…
Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14-ти јануари, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор. Новата локација на експозитурата се наоѓа на адреса: бул. Видое Смилевски Бато бр. 6 и е со работно време од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот. Експозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица, нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на…